дома блог страница 1617

3aeв: Бpojките се cтабилизиpaa, не се размислува за кapaнтин

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека засега не се разговара за специјални кapaнтини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

-Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се cтабилизиpaa, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев.

Во однос на зголемениот број KOBИД cлyчаи, посебно во Tетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со xpoнични болecти.

Но, тоа што се случува кај нас, додаде, се случува и во регионот и во светот, и според бројките и според cмpнocта. Ако повеќе се внимава и ако бидеме поодговорни, ситуацијата ќе биде подобра.

-Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата кој има обврска да ги следи парамтерите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно давата резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат, нагласи Заев.

И Францyзите не ги пyштaaт невакциниpaни во кафулиња – тие им се pacпocлаа пред летните бавчи (Видео)

Голем број француски граѓани одлучија да изразат протест против одлуката на францускиот претседател, Емануел Макрон, да биде задолжително покажувањето „ковид пасош“ за влез на терасите на некој ресторан или кафуле.

Во знак на протест, Французите си напарвија масовен пикник на отворено, што предизвика рестораните да бидат празни, а улиците полни со среќни и радосни семејства што вечераат заедно на отворено.

Д-р Пановcки дециден: Pизик е школcката година да започне со физичко пpиcycтво

Ризик е да се започне учебната година со физичко присуство, бидејќи има многу луѓе кои не се вакцинирани, вели д-р Никола Пановски. Тој смета дека ако на едно дете му се случи нешто посериозно, тогаш ќе настане хаос бидејќи атмосферата е многу чувствителна.

Според него, треба да се овозможи комбинирана настава со оглед на фактот што премногу ученици во едно одделение тешко можат да одржуваат дистанца и да ги почитуваат протоколите.

-Можеби требаше да се овозможи комбинирано да се учи, и со физичко присуство и оналјн. Работите ќе зависат од тоа каква е стратегијата, а очигледно, стратегија нема. Во Шведска имаа стратегија, децата ги пуштија на училиште да се инфицираат. Затоа не носеа маски и сепак немаа ниеден смртен случај, а тоа е држава со 10 милиони жители. Кога ќе се разболи детето таму, останува дома, а другите продолжуваат да си одат на училиште. Кај нас ќе биде хаос, едно дете ќе се разболи, па цел клас ќе биде во изолација, вели Пановски.

Според него, здравствените власти знаеле дека ни претстои попис, избори, учебна година, па затоа не требало да дозволат свадби и собири.

-Но, тоа е нашата реалност, додава Пановски.

Нема “зелена нафта” за тyтyнapите и сточарите: На власта и’ порачyвaaт, или дајте ги пapите од петтиот ковид пакет веднаш, или следyвaaт пpoтecти

Како да им беа малку сите досегашни празни ветувања и манипулации од страна на власта, па македонските тутунопроизводители и сточари, деновиве се соочија со уште еден, нов удар. Тие, пак се изземени од мерката „зелена нафта“, што според нив е уште еден погубен чекор за нивните и онака осакатени дејности – објави “АЛФА ТВ”

И понатаму, нема одговор на нивното, многупати поставено прашање – зошто овие категории на земјоделци редовно се изземаат од оваа мерка, што пак, доплонително ги револтира, па апелираат со оваа мерка итно да бидат опфатени и тие.

„Вистинската причина навистина не знаеме која е, дали се калкулира, дали се обесштетуваат со зелена нафта само поситни категории на земјоделци, меѓутоа и тутунарите и сточарите како земјоделци, своите ниви ги обработуваат и користат нафта во обработката на своите површини. Така што не гледам причина зошто тие би биле изземени од оваа мерка ?!“ – вели Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Нивниот револт не е ништо помал и за се уште неисаплатените средства од Петтиот Ковид-пакет. Со таквиот однос на власта, велат дека се’ повеќе се потврдувале нивните сомнежи дека некој сака земјоделците да ги искористи како „евтина и припроста гласачка машина“. Бараат итна исплата на овие средства во првата половина од септември. Во спротивно, се закануваат дека веднаш ќе ги активираат протестите, а кои сега се ставени во мирување.

„Ситуацијата со Петтиот Ковид-пакет е алармантна. Изгласан е пред четири месеци, знаете на каков начин во Собранието, и тогаш Владата тврдеше дека сите пречки се отстранети за негова исплата. Што се случува после 4 месеци и зошто овој Ковид-пакет не е се уште исплатен?! Веќе се јавува сомнеж кај тутунарите дека тој ќе се користи како предизборен поткуп“, – посочува Мирчески.

Инаку, уште минатата недела, заради силното невреме кое зафати одредени реони од земјава и кое родот го уништи и до над 80 проценти, македонските земјоделци побараа и прогласување на состојба на елементарна непогода. Но, и на ова нивно барање досега нема апсолутно никаков одговор. „Значи, имаме екстремни суши и силни невремиња, односно катастрофална реколта, па очекуваме, ако Владата навистина се грижи за земјделците, под итно да ни излезе во пресрет на нашите барања. Во спротивно, се враќаме на улиците“, категоричен е Мирчески.

Каролина Дурло

3aeв уште еднаш: “Имаме поголемо cpце од некои поголеми дpжави, затоа ќе пpимиме повеќе Aвганиcтанци”

Премиерот Зоран Заев изјави дека згрижувањето на Авганистанците ќе ја чини државта вкупно 74.000 денари, но дека не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава затоа што бројката постојано се менува, како што вчера дел се откажале и заминале на други дестинации.

Заев изјави дека со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака и во најтешките моменти.

Премиерот Зоран Заев изјави дека згрижувањето на Авганистанците ќе ја чини државта вкупно 74.000 денари, но дека не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава затоа што бројката постојано се менува, како што вчера дел се откажале и заминале на други дестинации.

-Зошто се определивме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност – изјави Заев.

Тој повтори дека е многу важна подготвеноста на една мала земја, тука, во срцето на Балканот, рамнорпавно со целиот демократски свет, да ја испрати пораката на човечноста и хуманоста.

Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.

Beчepва започнyва дeceттиот jyбилeeн “Прилеп Џез Викенд”

Дуото „Кантон 6“ годинава го отвора десетиот по ред „Прилеп џез викенд“, вечерва во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Последни вечерва свират „Летечки пекинезери“, а утре отвораат „Такси консилиум“.Во вториот дел присутните ќе уживаат во гитаристот Тони Китановски и бендот „Панда 5“ .

Третиот ден на фестивалот нуди многу интересна програма – започнувајќи со омаж на легендарниот бенд „Џеџмесинџерс“, кој започна со работа во 50-тите и беа активни до 90-тите години од минатиот век.

Џез-викендот ќе го затвори составот на врвни музичари „Сајга квартет“ со Јуре Пукл, словенечки саксофонист штоживее и работи во Њујорк, во придружба со познатиот пијано музичар Васил Хаџиманов.

Ова година во оф-фест програмата на 29 август на локалитетот Врбјанска Чука (кај село Славеј) ќе има настап групата „Љубојна“.

Не е само Прилеп, и битолчани имаат затвopeн базен – еве од денеска почнал со paбота (Фото)

Независна кандидатска група „Поинаку“ од Битола вчера во рекордно време за само 6 часа собраа 401 потпис за поддршка за нивната листа на советници во општинскиот совет.

Оа достигнување го прославија на „новиот затворен базен“ во Битола кој веќе 30 години на битолчани им го ветуваат властите.

-Бидејќи вчера во рекордно време ги собравме потребните потписи и се „уморивме“, денес си зедовме за право малку да „олабајме“ во новиот базен во Битола, велат од „Поинаку“.

Изградбата на затворениот базен во Битола започна на 15 февруари минатата година…

He знae да cocтави пpocта peченица – ова е кандидатот на CДCM за Aepoдpoм

Партискиот кадар на СДСМ кој на партиско ниво го исфрли од игра актуелниот градоначалник Златко Марин не покажал посебни комуникациски способности на интервјуто со кое се промовирал како кандидат.

Во интервју за емисијата Утрински Брифинг на Слободен Печат пред еден месец кандидатот Александар Филиповски откако во повеќе наврати прави грешки и од стрес го поместува столчето признава дека ја губи мислата и вели:
,,Отидов”.

За негова среќа го спасува водителката на разговорот која поставува друго прашање, по што Филиповски делумно се стабилизира во разговорот.

Филиповски е син на поранешниот пратеник на СДСМ Благоја Филиповски кој беше и директор на Скопскиот аеродром до 2003 а неговиот чичко Илија беше министер за економија во владата на Црвенковски од 2002 до 2004.

Моментот кога Филиповски признава дека е “отиден”

“На Инcтагpaм и во peaлноcта” (Фото)

Фотографија од настан на министерката за образование Мила Царовска на најдобар начин ја прикажува импровизацијата која владее во образованието каде учениците мeѓу другите проблеми со наставата се уште немаат добиено сведителства за ланската учебна година.

Од фотографијата објавена на социјалните мрежи се гледа импровизација во која микрофони се поставени на маса која е качена на столчиња, што е крајно невообичаена ситуација.

Меѓу фотографиите од настанот кои ги објави ПИ АР тимот на Царовска на социјалните мрежи ја нема таа со столчињата под маса на која е залепен микрофонот.

Д-p Лазapoв: Heма ycлови за почеток на yчебната година со физичко пpиcycтво

Новата учебна година од септември ќе се одвива со физичко присуство на децата, но според матичниот лекар Ненад Лазаров, ваквата одлука е погрешна.

„Согласно моменталните услови, да започне училишна година со физичко присуство немаме апсолутно ниту здравствен ниту капацитет на образовниот систем. Само ќе се разболат многу деца додека се ревидира одлуката, недозволиво. Систематски прегледи не сме способни да направиме да течат на децата, а не друго нешто“, напиша Лазаров на Фејсбук.