дома блог страница 16

Мицкоски: Судиите бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, кој успех го постигнаа за тој буџет?

Премиерот Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, но кои резултати ги покажаа судиите за да го добиваат тој буџет, и затоа не гледа причина за зголемување на таа сума.

„Ако зборуваме за буџетот една анализа да презентирам за македонските граѓани. Ова е европски извештај. Буџетот кој ние како држава го издвојуваме за правосудството е 0,39% од нашиот бруто домашен производ. За да знаат граѓаните соседна Грција издвојува 0,26%, Франција издвојува 0,2%, да одиме чекор понатаму, Германија издвојува 0,3%, а европскиот просек е 0,31% од бруто домашниот производ, а медијаната е 0,28%. Ние издвојуваме повеќе и од медијаната и од европскиот просек или во бројки, повеќе од 75% од земјите членки на ЕУ“, посочи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дури и земјите кои се стремат кон ЕУ издвојуваат помал буџет од Македонија, односно Албанија 0,295%, Молдавија 0,35%, Грузија 0,23% од сите имаме повеќе.

„Законот вели до 0,8%, Во новите измени на законот бараат минимум 0,8% и минимум 0,5% за обвинителството или вкупно 1,3%, што нема теоретски шанси, затоа што би било три пати повеќе од земјата што издвојува најмногу за правосудството во Европа. Судија почеток според европскиот извештај, годишно заработува 19.170 евра бруто плата, за Словенија од истиот извештај судија почетник заработува 34.101 евро бруто плата или некаде околу 80% повеќе, притоа бруто домашниот производ за Македонија е некаде 6,5 илјади евра, а за Словенија е 28 илјади евра. Или математички судија почетник во Словенија има 80% поголема бруто плата од судија почетник во Македонија, при три и пол пати поголем БДП од тој кој го имаме ние. Каква е пропорцијата тука“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи за јавноста да знае прецизно од еден суд во Македонија платите, претседателот на тој суд има плата околу 180.000 денари, околу 3.000 евра, неговата плата како премиер е 155.000 денари.

„Во регионот буџетот за судови, Албанија 0,17% од БДП, ние 0,30%, а Молдавија фронтранери кои напредуваат кон ЕУ 0,18%, Грузија 0,15%. Ова кажува дека буџетот кој владата го издвојува за правосудниот систем е повисок од 75% земји членки на Европската Унија, јас не гледам потреба за зголемување на таа сума, а што се однесува до делот одобрување на планот за вработување и унапредување, немам проблем, владата не се меша во судството, но владата е одговорна за трошењето на секој денар народни пари, а кога тие пари ги троши некој орган од управата на државата, логично е да државата се грижи за тоа“, изјави премиерот Мицкоски.

Liquor Store Прилеп го има совршениот подарок за секоја пригода – Ваков уникат не се најдува на друго место (ФОТО)

Лоцирана во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” Liquor Store, е прва премиум дестинација за секаков тип на пијалоци во Прилеп.

А кога велиме се’ и сешто, навистина мислиме така. Вo Liquor Store има 100 различни видови на пиво, буквално се’ од жестоки и безалкохолни пијалоци, а љубителите на квалитетни тутунски производи, тука можат да си набават кубански, италијански и пури од разни други светски познати производители!

Во Liquor Store Прилеп ќе ги најдете најегзотичните и најексклузивни светски брендови на алкохолни пијалоци – внимателно спакувани, со елегантен дизајн и неповторлив вкус.

Од луксузни колекционерски шишиња на Johnnie Walker, Chivas Regal, Royal Salute, Ballantine’s и многу други, до редок избор на вина и премиум дестилати – ова е единственото место во Прилеп со толку богат и рафиниран избор.

Вистински хит деновиве е жестокиот и уникатно спакуван Courvoisier XO коњак — совршен за подарок на некоја драга личност или за посебна пригода.

Совршено шише за оние кои ја ценат луксузноста, префинетото задоволство и незаборавните моменти. Тој е еден од серијата нови пијалоци кои можете ексклузивно да ги најдете само во Liquor Store Прилеп.

Побрзајте, количините се ограничени!

Добри вести за пензионерите: Познато колку ќе се зголемат пензиите

Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, порача Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, во гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како и подобри услуги за граѓаните во земјава.

„Буџетот е домаќински скроен, служи за фискална консолидација и има развојна компонента во делот на она коешто граѓаните, домаќинствата го очекуваат од еден буџет, преку овие програми и сектори кои што влијаат врз нивниот живот“, рече Петрушевски.

Во делот на социјалната заштита, Петрушевски нагласи дека зголемена е финансиската траса кон социјалната заштита и пензионерите. Според него, пензиите ќе се зголемат за повеќе од 10%.

„Имаме зголемена траса кон социјалната заштита и пензиите. Имаме средства за пензии кои што ќе бидат поголеми за повеќе од 10%, така што да не се грижат пензионерите, ќе ги поддржиме нивните буџети согласно зголемените трошоци за живот“, истакна Петрушевски.

Петрушевски ги демантираше тврдењата на пратеничката од СДСМ Тренчевска, истакнувајќи дека буџетот за социјална заштита не е намален, туку зголемен. Тој исто така истакна и дека во здравството се планира поголем буџет, кој ќе овозможи нова медицинска опрема и подобри услуги за пациентите, а се осврна и на делот за образование.

„Ќе има сериозна поддршка за сите ранливи категории. Ќе има зголемена поддршка за здравствена заштита, затоа што имаме поголем буџет во здравството, ќе има пари кои што ќе се насочени кон подобрување на јавното здравство, кон нова медицинска опрема, нови услуги на пациентите. Ќе имаме средства кои што се во образованието исто така зголемени за 3,4% со акцент на средното образование, основното образование, високото образование, така што апсолутна невистина е се ова кое што се зборуваше“, потенцираше Петрушвски.

Тој се осврна и на делот за зголемувањето на просечната нето плата, како и вработеноста, и овие бројки според него, ќе ја намалат невработеноста на околу 10%.

„Согласно овој буџет, очекуваме раст на просечната нето плата на граѓаните од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% проценти што значи пад на невработеноста на некаде околу 10%“, посочи Петрушевски.

Петрушевски потенцираше дека буџетските корисници учествуваа во процесот на изработка на буџетот, а додаде и дека проекциите во буџетот се реални.

„Апсолутно е невистина дека буџетските корисници не учествувале, тоа е законска обврска. Има буџетски циркулар, кој што е доставен до сите буџетски корисници, кои што го имаат пополнето, со кои што е разговарано и е скроен ваков буџет“, кажа Петрушевски и додаде:

„Проекциите не се манипулативни, напротив се реални“.

Ротари клубот Прилеп донираше професионален дрон за Територијалната противпожарна единица

Ротари клубот Прилеп денеска донираше професионален дрон на Територијалната противпожарна единица Прилеп, во присуство на претставници на ТППЕ Прилеп, градоначалникот на Општина Прилеп, претставници на медиумите и ротаријанци.

Оваа донација произлезе од успешно организираниот настан: „Хуманизам преку хедонизам – оксиморон или реална можност“.

Целта со оваа донација е технички да се опреми ТППЕ Прилеп за извидување / следење пред се’ на пожарите на отворено коишто во оваа и изминатите години ги имаше во голем број, но и следење на пожарите во урбаните средини.

Вредноста на донацијата е околу 1.300 евра. Заложбата е оваа опрема да се користи и од страна на Шумската полиција во следење и откривање на дивата сеча на шумите.

Паралелно, обезбедуваме професионална обука за употреба на дронот за вработените во ТППЕ Прилеп и други заинтересирани лица.

Правиме промени за доброто на заедницата, за поубаво и побезбедно место во кое сакаме да живееме!

Нико Чонески со фуриозен старт на мандатот (ФОТО)

Во рамките на проектот „Набавка на опрема за собирање на отпад и трансфер станици во ПЈЗ регион“,а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, во општина Крупево набавени се 1131 пластична канта за собирање на отпад – информира на социјалните мрежи новоизбраниот градоначалник на Крушево, Нико Чонески.

Во рамки на проектот општината доби 531 зелени канти од 120 литри и 600 жолти канти за отпадоци.

-Мојата највисока цел како Градоначалник на Општина Крушево, но и на сите наши сограѓани мора да биде почиста и поздрава животна средина. Ние се обврзавме дека секојдневно ќе работиме во таа насока, а реализацијата на ваквите проекти е уште еден доказ дека решавањето на овој проблем е наш врвен приоритет. Посебна благодарност до Министерството за просторно планирање и животна средина и заменик министерката Ане Лашкоска – напиша Чонески.

Во Битола одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска Ударна Бригада (ФОТО)

Со полагање свежо цвеќе и пригодна церемонија денеска во Битола беше одбележана 81-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска
ударна бригада. Пред спомен-плочата кај ТППЕ Битола почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, здруженија на граѓани, политички партии и гости.

Комеморацијата беше организирана од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН,
како и од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, со поддршка од Општина Битола.

Првата егејска македонска ударна бригада, формирана за време на Втората светска војна, беше расформирана на 2 април 1945 година, при што
боречкиот состав беше распореден во други единици. Голем дел од борците подоцна се вратија во Егејскиот дел на Македонија, каде што ги формираа првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ). Подоцна тие станаа дел од единиците на Демократската армија на Грција, повторно покажувајќи исклучителна посветеност и пожртвуваност во борбата за национални и социјални права и слободи.

Проверете дали ве има: МОН објави резултати од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување  ученички стипендии за учебната 2025-2026 година.

МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение.

-По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11). Добитниците на стипендија не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението,  наведува МОН во објавата во која се наведени имиња на ученици добитници на некоја од седумте категории стипендии наменети за средношколци.

Teрмините одат како алва – Good Fellas има совршена понуда за предновогодишни забави! Пребогато мени, одлична музика, за вечер што ќе се памети (ФОТО)

Корпоративната забава е многу повеќе од обичен настан – таа е можност да се негува тимскиот дух, да се зајакне чувството на припадност и да се одбележи заедничкиот успех што го гради секоја компанија. Тоа е момент кога вработените го чувствуваат својот придонес вреднуван, а тимот станува уште посилен пред новите предизвици.

За прослава што навистина остава впечаток, одберете го ресторанот Good Fellas Прилеп, еден од најпрепознатливите репрезенти на градот кога станува збор за врвна забава, беспрекорна услуга и храна што ги надминува очекувањата. Место со топла атмосфера, модерен амбиент и професионален тим кој знае како да создаде вечер што се памети.

Дарувајте им вистинско уживање на своите соработници – дозволете им да се опуштат, да се забавуваат и да ги прослават успесите од изминатата година, додека заедно цртате нова мотивација за онаа што доаѓа.

Не чекајте – резервирајте го вашиот термин навреме, бидејќи датумите брзо се пополнуваат, а агендата е ПРЕБОГАТА:

5 декември – група Алтернатор
6 декември – Модус
12 декември- Escape бенд
13 декември – Модус
20 декември – Модус
21 декември – Модус
22 декември – Еуфорија
23 декември – Еуфорија
24 декември – Молика
25 декември – Молика
26 декември – Алтернатор
27 декември – Модус
28 декември – Алтернатор

За сите информации и резервации: ☎️ 073-333-209

Good Fellas Ви благодари за довербата и со задоволство ќе ја организира вашата корпоративна предновогодишна забава – токму онака како што доликува.

Николоски од Виена: Брзата пруга во Македонија ќе обезбеди економски процут и за Австрија и за Унгарија, времето за снабдување за Европа ќе се скрати до 22дена

Во Македонија моментно ги реализираме најкрупните капитални проекти за изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионалниот развој, за економската стабилизација и за брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусија на Економскиот форум во Виена.

– Имаме мошне амбициозна инвестициска агенда усвоена од Владата. Би сакале да ја искористиме можноста, единствената географска локација што ја има државата, иако немаме излез на море, сепак имаме среќа што еден од европските коридори минува источно од нашиот главен град Скопје, Коридор 10, најдолгиот пан-европски коридор кој започнува во Атина, во пристаништето Переа и завршува во Финска, значи, целиот северо-западен европски коридор. Вториот е Коридор 8, кој ги поврзува Јонското и Јадранското Море со Црното Море, тоа е источно-западниот коридор на Југоисточна Европа. Ова е огромна можност за нас која сакаме да ја искористиме и почнавме мошне амбициозно со развивањето на овие коридори – рече Николоски.

Со Коридорот 10 во делот на автопатите состојбата е горе-долу добра, додаде тој.

– Има добра инфраструктура и добар автопат од границата со Србија до границата со Грција. Со Коридорот 8 ситуацијата не е толку добра, но почнавме да го развиваме. Па, или градиме или веќе сме завршиле или ќе изградиме автопати од границата со Албанија до границата со Бугарија. Во моментов ги реконструираме граничните премини и ги надградуваме, бидејќи би сакале да имаме пократко време на чекање на граничните премини. Вкупната инвестиција во автопати и експресни патишта на Коридор 8 ќе биде околу 1,5 милијарда евра, што за нашата економија, е навистина нешто огромно и нешто што е значајно – рече Николоски.

Го развиваме и Коридорот 10д – коридорот кој го крати растојанието меѓу Атина и Скопје, додаде министерот за транспорт и ако во моментов се патува 8 до 8 и пол часа, со ова ќе се скрати на 5 до 5 и пол часа.

– Од наша страна го градиме најголемиот автопат што е некогаш изграден во државата, околу 55 километри, а од другата страна градат и Грците и тоа е делот кој недостига од сложувалката, па се надевам дека кога од Виена ќе патувате кон Атина ќе скратите барем 3 часа со она што го градиме сега – рече тој.

Железницата за нас е огромен предизвик, додаде, но истовремено и огромна шанса.

– Со развивање на железничкиот коридор 10, брзата железница, може да го скратиме времето за снабдување за Европа од 21 до 22 дена. Зашто, ако сега пловилото минува низ Суецкиот канал, минува низ Средоземното Море, Гибралтар, Хамбург, Антверпен, Ротердам или северните пристаништа. Единствената причина поради која северните пристаништа се користат во толкава мера е затоа што имаат добра инфраструктура до централна Европа. Но, ако успееме да создадеме добра инфраструктура на железницата на коридор 10, бидејќи тоа е најевтиниот и најбрз начин за транспортирање на стоки, тогаш тоа време може да се скрати на 21 до 22 дена – рече Николоски.

Имаме амбициозна програма за изградба на брза железница, патничките возови ќе возат со 250 километри на час, но она што е важно се товарните возови, кои ќе возат 140 километри на час, со најдолгите можни возови кои возат низ Европа во моментов, 750 метри долги возови, објасни Николоски.

– Веќе има брза железница меѓу Атина и Солун, меѓу Белград и Будимпешта, ќе биде во функција од пролет, Будимпешта-Виена е горе-долу добра инфраструктура и она што ни недостига е Белград-Ниш-Скопје-Солун. Веќе имаме договор со нашите грчки пријатели, се сретнав со вицепремиерот на Грција пред еден месец, тие ќе го изградат делот кај нив што недостига, од Солун до нашата граница, а ние почнуваме на пролет следната година со изградба на нашиот проект. Тоа ќе биде најголемиот проект во Југоисточна Европа, иако ние сме една од најмалите држави во тој регион – рече Николоски.

Инвестицијата ќе биде околу 2 милијарди евра, додаде.

– Бидејќи не сме членки на ЕУ, имавме две алтернативи: да потпишеме со Кинезите, не е тајна дека тие дојдоа уште на првиот ден кога започнавме како Влада, понудија заем без камата, ако градиме со нив. Но, ние мислевме дека од витално значење за Европа, бидејќи коридорите, особено железничките, користат мошне иновативна сигнализација што може да се искористи и за други работи, покрај железницата, решивме да потпишеме договор за стратешко партнерство со Велика Британија. Имаме 5 милијарди фунти, 6 милијарди евра на располагање, од кои 2 ќе ги искористиме за овој проект, со добри услови. За жал, не можам да ги споделам условите сега, бидејќи сè уште се доверливи, но кога ќе се откријат, мислам сите ќе се согласат дека се поволни. Очекуваме да почнеме следната година и да завршиме во 2031 година, бидејќи се работи за двојна пруга, а првата, товарната ќе заврши во 2028 година – рече Николоски.

Очекуваме, додаде тој, само од Коридор 10 во правата година откако ќе биде завршена железницата, да имаме приход од користењето на железницата од околу 120 милиони евра, само за транзит.

– Тековниот приход е 12 милиони, само за споредба, а потоа и ќе се зголемува, па може да замислите каков процут ќе биде тоа за економијата за Австрија, за Унгарија, бидејќи тоа се копнените пристаништа од каде што се движат стоките кон остатокот на Европа – објасни Николоски.

Втор е Коридор 8, тој е мошне важен за безбедноста, за политиката.

– Од страната на автопати, веќе инвестираме многу, а развиваме и железнички коридор. Минатата недела имавме церемонија со бугарскиот вицепремиер, потпишавме договор за заедничко спојување, ќе се споиме со тунел, познатиот тунел кој беше дел од политички кампањи и спорови меѓу двете земји. Сега тоа прашање е решено. Очекувам добар напредок. Имаме три делници за спојување на главниот град со границата со Бугарија. Првата е веќе во функција, од јануари годинава, втората ќе биде готова во октомври следната година, а третата, соработуваме со ЕИБ и ЕБРД и се надевам дека со промените нема да ни треба многу време, бидејќи дадов политичко ветување дека ќе го објавам тендерот во декември, па зависи колку ќе трае истражувањето на пазарот. Се надевам нема да трае три месеци и дека ќе може да го објавиме повикот во декември, па ќе можам да ве поканам напролет за церемонијата на поставување камен темелник на третата делница од автопатот што треба да нè поврзе со Бугарија. И од другата страна вложуваат големи инвестиции, морам да ги поздравам. Од наша страна ние веќе инвестираме околу 800 милиони евра, Бугарите инвестираат 1,2 милијарда евра, па вкупно ќе потрошиме околу 2 милијарди евра заедно да ги поврземе Скопје и Софија – нешто што е сон на многу генерации, нешто за што сме учеле во основно, во средно училиште – рече Николоски.

Ние, со бугарскиот вицепремиер, имавме среќа да го потпишеме овој договор, се надевам и нашите албански пријатели ќе се приклучат, бидејќи ова ќе има смисла ако сите се поврземе, потенцира министерот.

– Следниот предизвик е да го развиеме западното крило од железницата и истото да го направи и Албанија, па се надеваме дека до 2031 година прво ќе имаме редовна линија од Скопје преку Софија до Бургас, а потоа зависно од брзината на нашите албански пријатели, да го поврземе и Јонското Море – објасни вицепремиерот Александар Николоски.

Почнува откупот на “жолтото злато” во Прилеп – Кои се вашите очекувања, ќе бидат задоволни ли тутунарите оваа година?

Прилепскиот тутунски комбинат денеска почнува со откуп на тутунот од годинашнава реколта на 34 пунктови, најави вчера министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при неговата работна средба во Комбинатот.

-Прилепскиот тутунски комбинат е подготвен утре да го почне откупот на тутунот од годинашнава реколта и ќе ги исплаќа тутунарите двапати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2 300 тони тутун, изјави вчера Трипуновски.

Министерот посочи дека се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година и оти согласно процедурите, мострите во текот на вчерашниот ден треба да бидат подигнати

-Според информациите добиени од директорот на Тутунскиот комбинат, на сите пунктови кои се веќе пријавени, во текот на утрешниот ден ќе започне откупот на тутун и ќе трае согласно законските рокови, изјави вчера министерот Трипуновски.

Тој рече дека сите откупни компании обезбедиле средства за исплата и очекува овие денови и тие да почнат да го преземаат тутунот. Се очекува откупувачите да ги нивелираат цените по класи.

– Сите компании кога се склучуваа договорите имаат цени од 414 до 420 денари за килограм прва класа. Очекувам со почетокот на откупот да ги нивелираат цените и да стигтнат до оној максимум кој е понуден од дел компании- 420 денари за килограмза првата класа, изјави Трипуновски.

Годинашнава реколта се проценува од 22 000 до 24 000 тони тутун и е со висок квалитет и продолжува традицијата на квалитетно производство.

-Минатата година знаете дека постигнавме сериозен успех, имаме околу 11 проценти зголемени површини од пријавени земјоделски стопанства во делот на одгледувачи на тутун. Тоа значи дека веќе го враќаме овој стратешки производ на пиедесталот. Целиот процес ќе го следи земјоделскиот инспекторат, рече Трипуновски.