дома блог страница 15

Еве каде да ги дотерате вашите најмили дечиња за Новогодишните празници (Фото галерија)

Во срцето на Старата прилепска чаршија, на познатата цветна улица, се наоѓа бутикот BABY BOOM – вистински рај за малите модни ѕвезди и нивните родители.

Тука ве очекува нова колекција која совршено ја спојува удобноста, стилот и квалитетот – облека што ги следи детските насмевки, чекори и авантури во секој ден.

Од модели за бебиња, до мали момчиња и девојчиња, во BABY BOOM ќе најдете сѐ што им е потребно на вашите најмили: нежни бодиња и комбинезони, модерни блузички и панталончиња, топли јакни и палтенца, фустанчиња што пленат со шарм, како и слатки аксесоари – шалчиња, капчиња и ракавички кои гушкаат во зима.

Секој модел е внимателно изработен од најквалитетни материјали што обезбедуваат топлина, мекост и заштита.

Токму затоа, BABY BOOM веќе одамна е брендот на прилепската чаршија кога станува збор за детска облека – познат по љубовта кон деталите и посветеноста кон секое дете.

Посетете го BABY BOOM и откријте ја новата колекција eсен-зима, каде секое парче облека е создадено со љубов за најдрагите мали луѓе во нашиот живот.

Во петок е Св. Aрхангел Михаил – празник посветен на војводата на сите ангели

Maнастир Св. Архангел Михаил населба Варош, Прилеп

Во петок на 21 ноември се празнува Св. Aрхангел Михаил. Празникот на Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели.

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.

Но во ноември пак меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Тогаш именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21 ноември според новиот (или на 8 ноември според стариот) календар меѓу народот е познат едноставно како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Многу семејства го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби, а и општо е верувањето дека тој спаѓа меѓу поголемите празници.

Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.), Господ го создал духовниот свет ‒ ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи, а за подобро да бидат сфатени и за да се создаде претстава за нив на фреските и иконите се претставени во човечка форма. Тие се Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крилја. Тие се поим за младост и безгрижност поради што се претставени како деца бидејќи староста, обелувањето на косата и брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања. Тие се насликани во бела облека што симболизира душевна чистина и невиност. Единствено архангел Михаил е претставен во војводска облека. Зошто архангел Михаил е насликан како војвода?

Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од Бога и почнале да прават злодела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден меѓу нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, се одметнал од Бога, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство. Свети архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете.

Тогаш, кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши архангел Михаил ги собрал сите ангели и како знак на верност кон Бога почнал заедно со нив да ја слави Света Тројца со песната: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот. Во спомен на овој собир црквата го востановила празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21/8 ноември. Со овој празник им се оддава признание на сите ангели кои ги има безброј.

Зошто токму на овој ден се празнува денот на ангелите? Според некои истражувачи месецот ноември е одбран поради тоа што во поранешното сметање на времето, кога годината започнувала од март, ноември бил деветти месец, а девет се чиновите ангелски. Денот осми (според стариот календар) е одбран поради тоа што на осмиот ден од страшниот суд ќе дојде Исус да им суди на живите и мртвите.

Болницата им била “златна кокошка” – Државна ревизија го објави извештајот кој покажува тотален хаос, безредие и сомнежи за милионски криминал во прилепската болница

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиското работење на прилепската болница “Борка Талески” за 2024 година, при што се откриени се низа нерагуларности и сомнежи за милионска проневера на средства. Извештајот на државна ревизија излезе по истрагата на Финансиската полиција и ОЈО Прилеп, при што пред извесно време приведени беа и постапки се започнати против 32 физички и правни лица.

Извештајот на Државниот ревизор покажува податоци за авансни плаќања без приложени фактури, исплата на услуги без склучување на договори на дело, милионски набавки на опрема која стои неупотребена по визби, болницата не издавала фискални сметки за здравствени услуги… и низа други неправилности кои покажуваат дека поедини лица ја третирале здравствената установа како “златна кокошка”.

Извештајот од државна ревизија во целост го пренесуваме во продолжение:

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи, заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност Прилеп за 2024 година, при што се изразени неповолни мислења во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со законската регулатива.

Утврдени се повеќе неправилности и слабости во работење на Болницата. Голем дел од обврските се евидентирани и платени ненавремено, селективно и без спроведени контроли, а кон поединечни добавувачи извршени се авансни плаќања без приложени фактури во износ од над 8 милиони денари. Преземени се обврски за набавка на стоки и услуги во износ од 15.700.000 илјади денари без постапка за јавна набавка, а во дел од спроведените постапки утврдивме несоодветна примена на Законот за јавни набавки.

Набавена е медицинска опрема во износ од 26.900 илјади денари без утврдена потреба, при што дел од опремата за биохемиски анализи во вредност од 14 милиони денари не е ставена во употреба, иако вработените укажале дека таа не е неопходна.

Со ревизијата се утврдени поголем број на неправилности во благајничкото работење на Болницата. Не се издадени фискални сметки за здравствени услуги во износ од 4.400.000 денари, а 5.500.000 денари примени во готовина не се уплатени на сметката на Болницата, туку се исплатени директно преку благајната, што е спротивно Законот за платежни услуги и платни системи, Средствата во готовина се користеле за исплати на физички лица без договори за дело (4,46 милиони денари), за гориво без доказ за користените возила (449 илјади денари), како и за репрезентација и други расходи без поткрепувачка документација (597 илјади денари). Иако со одлука на Управниот одбор е утврден благајнички максимум од 60 илјади денари, истиот не се почитувал, при што во одделни периоди во благајната имало и до 2,3 милиони денари наплатена партиципација.

До крајот на 2024 година установата има побарувања во износ од 20,4 милиони денари кои се постари од три години, а за кои не се преземени активности за наплата. Притоа, приближно 29% од овие побарувања се евидентирани кумулативно, без наведување на конкретен должник (правно или физичко лице), што создава неизвесност во однос на нивната реална наплатливост.

Во текот на 2024 година, во Болницата се ангажирани 131 лице по договор на дело со претходна согласност од Министерството за финансии, за што биле исплатени 41,9 милиони денари. Во повеќето договори не е наведен конкретен износ на надоместокот, а исплатите биле извршувани според Колективниот договор за здравствена дејност, кој треба да важи само за лицата во редовен работен однос. Ова укажува на неусогласеност со законската регулатива и создава можност за нерационално користење на јавните средства.

Болницата во 2024 година исплатила 3,1 милион денари за дежурства на немедицински кадар, додека за исплати од 1,8 милиони денари за прекувремена работа не е испочитувана законската процедура. Дополнително, персоналните досиеја на 34 доктори не содржат важечки лиценци, кои според систематизацијата се предуслов за редовно вршење на здравствени услуги.

За дел од трошоците во износ од 730 илјади денари кои се настанати по основ транспорт на болнички пациенти во други здравствени установи во државата не е изготвена и приложена соодветна поткрепувачка документација.

На 67 правни лица, во 2024 година, Болницата фактурирала по основ на закуп на просторот во вкупен износ од 6,74 милиони денари, при што не е пријавена и платена обврска за ДДВ во износ од 1,21 милион денари, поради тоа што Болницата не ја испочитувала законската обврска да се регистрира за обврската по ДДВ односно да добие решение за даночен обврзник по основ на ДДВ.

Исто така утврдено е дека сметководствената и материјалната евиденција на средствата не се усогласени, и не е спроведен целосен попис на средствата, обврските и побарувањата, што го отежнува проверувањето на точноста и веродостојноста на финансиските податоци. Дополнително, не е воспоставена детална евиденција на потрошокот на материјалите по пациент, бидејќи потрошокот на залихите се евидентира целосно при нивно издавање од магацинот кон потрошувачките места/организационите единици без контрола на реалната потрошувачка.

За сите идентификувани неправилности и слабости, Државниот завод за ревизија даде конкретни препораки до надлежните лица и органи за нивно отстранување и за унапредување на финансиското и материјалното работење на Болницата.

Сметаме за потребно да истакнеме дека за утврдените неправилности, незаконското користење на средства и изразениот сомнеж за незаконско работење на субјектот предмет на ревизија известени се надлежните органи поради што истите на ден 22.10.2025 година издадоа соопштение со кое информираа дека Основното јавно обвинителство – Прилеп отвори истрага против 32 физички и правни лица поради сомнение за злоупотреби во постапките за јавни набавки и јавни средства во Општата болница „Борка Талески“.

Истрагата е резултат на наодите утврдени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, кој укажа на неправилности и можни злоупотреби што подоцна станаа предмет на обвинителска постапка.

“Порта” го сервира најдобриот викенд во градот – Совршен рецепт за ново гастрономско уживање и опуштање

Во најдобриот ресторан во градот, секој викенд е вистинско мало уживање за сите сетила. Мирисот на совршено приготвена храна, вкусот што останува во сеќавање и музиката која го буди најубавото расположение — токму така изгледа секоја вечер во Ресторан Порта.

Овој викенд повторно носи тројна доза уживање: три свирки во живо, почнувајќи од петок навечер, потоа саботното денско ручек-уживање, и секако, завршница со уште една незаборавна саботна вечер исполнета со добра музика, вкусна храна и прекрасно друштво.

Во петок, 21.11., со почеток од 21 часот, ќе ве пречека составот кој плени со секој настап, луѓето кои знаат да направат вечер незаборавна дури и за најпребирливите – Група “МАРИФЕТ”.

Во сабота, 22.11. денска ручек дружба со секогаш шармантните Боби и Никола, со почеток од 14 часот.

И за крај, кавадарчаните од “ТРИО МАЊИФИКО” на кои Прилеп им е втор дом. Резервирајте го вашето место и уживајте во викендот во ресторанот кој е сликата на гастрономската понуда на Прилеп.

Телефон: 078 368 111

Наздравје!

Италија повторно помеѓу можните противници на Македонија за пласман на Светско првенство

Како една од селекциите преку Лигата на нациите, имаме бараж за Мундијалот, а патот до таму ќе биде тежок.

Нашиот национален тим ќе биде позициониран во последниот четврти шешир. Ситуацијата е слична како кога игравме за СП 2022 во Катар. Можните ривали за полуфиналето веќе се познати, а се доста незгодни.

Македонија во полуфиналето ќе игра со противник од првиот шешир, тоа се Италија, Турција, Данска или Украина. Нашата следна селекција ривал на патот кон светскиот шампионат ќе биде домаќин на полуфиналниот натпревар.

Шешир 1: Италија, Данска, Турција, Украина
Шешир 2: Полска Велс, Чешка Словачка
Шешир 3: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Шешир 4: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска

Ждрепката за баражот за СП 2026 е закажана на 20 ноември, со почеток од 13:00 часот.

Изложбата „А“ од уметницата Олгица Антовска, во петок пред вљубениците во уметноста во Прилеп

На 21 ноември 2025 г./ петок/ од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „А“ од Олгица Антовска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и труизам.

За изложбата текст од сликарот м-р Тони Чатлески

Со овој циклус, авторката нè внесува во едно лирско патување каде водата не е само мотив, туку живо суштество, органска меморија, емоционален простор. Преку специфичните овални и кружни формати, ни се отвара еден нов начин на гледање — како да погледнуваме низ стаклена капка, низ интимен микрокосмос каде светлината и бојата постојано пулсираат, дишат и се движат.

Секоја слика претставува различна состојба на водата: тишината на замрзнатите кристали, вибрациите на невидливите струи, моќта на брановите, како и нежноста на една единствена капка живот. Овие дела не се само визуелно доживување — тие се емотивни огледала кои ја рефлектираат нашата свест за природата, нашата одговорност кон околината и потребата за дијалог со светот што нè опкружува. Изложбата е структуирана во четири поврзани циклуси, кои го следат патот на водата низ различни облици и фази. Тоа патување не е само физичко, туку и духовно — од леснотијата на течната материја, преку кревкоста на стаклените мисли, до експлозивната сила на брановите што создаваат и разоруваат истовремено.

Боите — зелени, тиркизни, сини и млечни тонови — носат мир, длабочина и медитативност. Текстурата е богата, органска, пулсирачка, а формата го нагласува чувството дека водата е тука, непосредна, опиплива. Тенденцијата на авторката да воспостави активна комуникација со гледачот е чувствувана во секој слој на делата. Тие нè повикуваат да застанеме, да се вгледаме, да размислиме — за водата како извор на живот, но и како огледало на нашата колективна свест.

Со најновите дела на Антовска ќе запловиме во овој визуелен океан, ќе го почувствуваме неговиот ритам и самите ќе проговорат. Зашто во оваа изложба водата не е само тема — водата е наратив, емоција, движење и постојана трансформација – м-р. Тони Чатлески – сликар.

За изложбата „A” од авторката

Отсекогаш ме фасцинирала водата и како духовна и визуелна димензија. не само како примарен извор на живот. Изложбата со наслов „А” опфаќа дванаесет дела изработени во комбинирана техника, со специфични димензии и форми.

Основната идеја врз која се темели концептот на водата е нејзината поврзаност со човекот – неговата свест за еколошките проблеми, односот кон околината, полезните и деструктивните сили на водената стихија преточени во една лирска визуелна сензација.

Проектот е структуриран во четири поврзани циклуси, кои претставуваат своевидно движење патување на водата, интегрирана како жив субјект.Тенденцијата на оваа вибрирачка приказна за водата, во сите нејзини облици, е да воспостави активна комуникација со гледачот и да поттикне можни дијалози од уметницата Олгица Антовска

За уметницата

Во 1990 година, Олгица Антовска завршува во Средното училиште за применета уметност, „Лазар Личеноски” Скопје; Во 1995 година дипломира на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј Скопје, на Факултетот за ликовни уметности, на Катедрата за педагогија, во класата на професорката Ана Темкова и професорот Рубенс Корубин.

2001 – Станува член на ДЛУМ.

За време на нејзината кариера како сликар, од 1997 година предава уметност и во СУГС Гимназија „Панче Арсовски”, колеџот „Јахја Кемал“, училиштето за ученици со посебни образовни потреби „Партенија Зографски” Скопје.

Мицкоски: Претседател на еден суд има плата околу 180.000 денари, а платата на премиер е 155.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, но кои резултати ги покажаа судиите за да го добиваат тој буџет, и затоа не гледа причина за зголемување на таа сума.

„Ако зборуваме за буџетот една анализа да презентирам за македонските граѓани. Ова е европски извештај. Буџетот кој ние како држава го издвојуваме за правосудството е 0,39% од нашиот бруто домашен производ. За да знаат граѓаните соседна Грција издвојува 0,26%, Франција издвојува 0,2%, да одиме чекор понатаму, Германија издвојува 0,3%, а европскиот просек е 0,31% од бруто домашниот производ, а медијаната е 0,28%. Ние издвојуваме повеќе и од медијаната и од европскиот просек или во бројки, повеќе од 75% од земјите членки на ЕУ“, посочи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дури и земјите кои се стремат кон ЕУ издвојуваат помал буџет од Македонија, односно Албанија 0,295%, Молдавија 0,35%, Грузија 0,23% од сите имаме повеќе.

„Законот вели до 0,8%, Во новите измени на законот бараат минимум 0,8% и минимум 0,5% за обвинителството или вкупно 1,3%, што нема теоретски шанси, затоа што би било три пати повеќе од земјата што издвојува најмногу за правосудството во Европа. Судија почеток според европскиот извештај, годишно заработува 19.170 евра бруто плата, за Словенија од истиот извештај судија почетник заработува 34.101 евро бруто плата или некаде околу 80% повеќе, притоа бруто домашниот производ за Македонија е некаде 6,5 илјади евра, а за Словенија е 28 илјади евра. Или математички судија почетник во Словенија има 80% поголема бруто плата од судија почетник во Македонија, при три и пол пати поголем БДП од тој кој го имаме ние. Каква е пропорцијата тука“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи за јавноста да знае прецизно од еден суд во Македонија платите, претседателот на тој суд има плата околу 180.000 денари, околу 3.000 евра, неговата плата како премиер е 155.000 денари.

„Во регионот буџетот за судови, Албанија 0,17% од БДП, ние 0,30%, а Молдавија фронтранери кои напредуваат кон ЕУ 0,18%, Грузија 0,15%. Ова кажува дека буџетот кој владата го издвојува за правосудниот систем е повисок од 75% земји членки на Европската Унија, јас не гледам потреба за зголемување на таа сума, а што се однесува до делот одобрување на планот за вработување и унапредување, немам проблем, владата не се меша во судството, но владата е одговорна за трошењето на секој денар народни пари, а кога тие пари ги троши некој орган од управата на државата, логично е да државата се грижи за тоа“, изјави премиерот Мицкоски.

Почнува судењето за „Пулс“ – 38 обвинети за трагедијата со 63 жртви, меѓу нив градоначалници, инспектори и сопственици

По осум месеци од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска започнува судскиот процес во кој 63 лица го загубија животот, а над 200 беа повредени. Првото рочиште е закажано во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки.

Обвинението опфаќа 38 обвинети (35 физички и 3 правни лица) кои се товарат за Тешки дела против општата сигурност. Меѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, тројца поранешни градоначалници на Кочани, членови на обезбедувањето и државни службеници.

Според истрагата, трагедијата е резултат на долгогодишни пропусти и свесно игнорирање на безбедносните процедури. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски нагласи дека секоја институција и поединец имале законска обврска да го спречат ризикот, но „никој тоа не го направил“.

  • Незаконско работење: Објектот работел незаконски од 2012 година, без минимално-технички услови и со реконструкции без дозволи.
  • Игнорирање на инспекции: Обвинети се тројца градежни инспектори од Општина Кочани кои не спровеле надзор и свесно дозволиле објектот да работи.
  • Непостапување на локалната власт: Обвинети се тројца поранешни градоначалници на Кочани кои од 2012 до 2025 година не презеле мерки за затворање на небезбедниот објект.
  • Небезбедност: Управителите и сопствениците на клубот се товарат за незаконско работење, пречекорување на капацитетот, дозволување влез на малолетници и употреба на пиротехника.
  • Пропусти во ДЗС: Обвинети се и директори и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) кои не спровеле мерки за заштита од пожари.

Обвинението утврди дека на критичната вечер, за време на настапот на групата ДНК, биле договорени и употребени три нелегално набавени пиротехнички уреди без дозвола. Ова, во комбинација со прекумерниот број посетители (меѓу кои и деца), директно довело до катастрофалниот пожар.

Судењето ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, со темпо од две рочишта неделно, а обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители. Во меѓувреме, семејствата на жртвите продолжуваат со „Маршот на ангелите“, барајќи правда и целосна одговорност.

Мицкоски: Судиите бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, кој успех го постигнаа за тој буџет?

Премиерот Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, но кои резултати ги покажаа судиите за да го добиваат тој буџет, и затоа не гледа причина за зголемување на таа сума.

„Ако зборуваме за буџетот една анализа да презентирам за македонските граѓани. Ова е европски извештај. Буџетот кој ние како држава го издвојуваме за правосудството е 0,39% од нашиот бруто домашен производ. За да знаат граѓаните соседна Грција издвојува 0,26%, Франција издвојува 0,2%, да одиме чекор понатаму, Германија издвојува 0,3%, а европскиот просек е 0,31% од бруто домашниот производ, а медијаната е 0,28%. Ние издвојуваме повеќе и од медијаната и од европскиот просек или во бројки, повеќе од 75% од земјите членки на ЕУ“, посочи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дури и земјите кои се стремат кон ЕУ издвојуваат помал буџет од Македонија, односно Албанија 0,295%, Молдавија 0,35%, Грузија 0,23% од сите имаме повеќе.

„Законот вели до 0,8%, Во новите измени на законот бараат минимум 0,8% и минимум 0,5% за обвинителството или вкупно 1,3%, што нема теоретски шанси, затоа што би било три пати повеќе од земјата што издвојува најмногу за правосудството во Европа. Судија почеток според европскиот извештај, годишно заработува 19.170 евра бруто плата, за Словенија од истиот извештај судија почетник заработува 34.101 евро бруто плата или некаде околу 80% повеќе, притоа бруто домашниот производ за Македонија е некаде 6,5 илјади евра, а за Словенија е 28 илјади евра. Или математички судија почетник во Словенија има 80% поголема бруто плата од судија почетник во Македонија, при три и пол пати поголем БДП од тој кој го имаме ние. Каква е пропорцијата тука“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи за јавноста да знае прецизно од еден суд во Македонија платите, претседателот на тој суд има плата околу 180.000 денари, околу 3.000 евра, неговата плата како премиер е 155.000 денари.

„Во регионот буџетот за судови, Албанија 0,17% од БДП, ние 0,30%, а Молдавија фронтранери кои напредуваат кон ЕУ 0,18%, Грузија 0,15%. Ова кажува дека буџетот кој владата го издвојува за правосудниот систем е повисок од 75% земји членки на Европската Унија, јас не гледам потреба за зголемување на таа сума, а што се однесува до делот одобрување на планот за вработување и унапредување, немам проблем, владата не се меша во судството, но владата е одговорна за трошењето на секој денар народни пари, а кога тие пари ги троши некој орган од управата на државата, логично е да државата се грижи за тоа“, изјави премиерот Мицкоски.

Liquor Store Прилеп го има совршениот подарок за секоја пригода – Ваков уникат не се најдува на друго место (ФОТО)

Лоцирана во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” Liquor Store, е прва премиум дестинација за секаков тип на пијалоци во Прилеп.

А кога велиме се’ и сешто, навистина мислиме така. Вo Liquor Store има 100 различни видови на пиво, буквално се’ од жестоки и безалкохолни пијалоци, а љубителите на квалитетни тутунски производи, тука можат да си набават кубански, италијански и пури од разни други светски познати производители!

Во Liquor Store Прилеп ќе ги најдете најегзотичните и најексклузивни светски брендови на алкохолни пијалоци – внимателно спакувани, со елегантен дизајн и неповторлив вкус.

Од луксузни колекционерски шишиња на Johnnie Walker, Chivas Regal, Royal Salute, Ballantine’s и многу други, до редок избор на вина и премиум дестилати – ова е единственото место во Прилеп со толку богат и рафиниран избор.

Вистински хит деновиве е жестокиот и уникатно спакуван Courvoisier XO коњак — совршен за подарок на некоја драга личност или за посебна пригода.

Совршено шише за оние кои ја ценат луксузноста, префинетото задоволство и незаборавните моменти. Тој е еден од серијата нови пијалоци кои можете ексклузивно да ги најдете само во Liquor Store Прилеп.

Побрзајте, количините се ограничени!