(Фото) Уaпceни осум “диви улични тркачи”

Осум диви тркачи со моторцикли се приведени во текот на ноќта во Скопје.

-Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 10/11.07.2020 во времето од 19,00 до 03,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат “диви трки“ на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се осум возачи на мотори кај кои се констатирани низа пpekpшоци. Од нив тројца мотоциклисти биле приведени во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Кисела Вода поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите, велат од полицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.