Распродажба во Реал Мадрид: Сите овие играчи ќе бараат нов клуб

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти реши да продаде дури седум играчи за да собере пари за нови трансфери.

Реал сака на лето да ги доведе Килијан Мбапе од ПСЖ, Пол Погба од Манчестер Јунајтед и Антонио Рудигер од Челзи, а за тоа според шпанските медиуми би можеле да му бидат потребни околу 300 милиони евра.

На листата се Герет Бејл, Марсело, Иско, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз, Дани Себаљос и Хесус Ваљехо.Само доколку се ослободат од платите Реал ќе заврши одлична работа. Бејл заработува 28 милиони евра годишно, Марсело 16,5 милиони, а Иско милион помалку од Бразилецот.

Лука Јовиќ е со 10 милиони евра годишно, Маријано со девет, Себаљос со седум, а Ваљехо со шест милиони евра. На сето ова треба да се додаде Еден Азар кој ќе мора да бара нов клуб.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.