Пронајден кокаин во “порше” со прилепски регистерски таблици

На магистралниот пат Кичево – Гостивар, на Здуњска крстосница, вчера околу 23:20 часот полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А. Г. (31), од скопско Кондово, затоа што при негов и преглед на возилото „порше“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајден е кокаин.

А. Г. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.