“Загинаа ли со мисла за двојазичен Прилеп во Северна Македонија, хероите од Карпалак?? Сигурно-НЕ??”

Денешниот ден пред 17 години беше кобен за десетмината прилепски бранители кои од заседа и на свиреп начин беа убиени кај месноста Карпалак.

Прилеп вечно ќе се сеќава на нивната жртва, на нивните прерано згаснати животи, на нивната идеја и желба да помогнат во одбраната на татковината, желба која ја платија најскапо.

Животите тогаш ги загубија:

Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

Што доби за возврат нивната жртва и како денеска се одбележа споменот пред вечниот паметник во центарот на Прилеп и на Карпалак?

Овие десет млади луѓе сигурно не тргнаа и не ги оставија нивните семејства со мисла дека татковината некогаш ќе им биде двојазична или преименувана?

Но, ете и тоа се случи….

Прилеп како двојазичен, а Македонија како Северна? Вака ли достојно им возвративме за нивната жртва?

Со какво лице некои се поклонуваат пред нивното дело, а  придонеле или се залагаат да се спроведе претходното?

Овие македонски херои од поновата историја ги заслужуваат сите почести, но не и лицемерието.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА! ВИСТИНСКИТЕ МАКЕДОНЦИ ЌЕ ГИ СЛАВАТ ВАШИТЕ ИМИЊА ЗАСЕКОГАШ!