The DAF Project! Ново Прилепско рок – трио со видео запис за песната TROUBLESOME LIFE! Македонски производ наменет за светскиот пазар!

19275255_349893132094611_6587856541693627011_n

Со задоволство ви го преставуваме новиот видео запис на триото”The DAF Project”за песната Troublesome Life! Ново-офоменото македонско рок – трио од Прилеп  составено е од веќе добро афирмирани македонски музичари со многу снимени албуми зад нив.

Давид Нешкоски на гитара и вокал, Филип Јездиќ на тапани, Александар Шилоски на бас гитара. При крај се подготовките за објавување на првото EP на триото со 5 нови песни, за кои ќе следат нови видео записи. Се работи за 100% македонска музика која ќе се издаде воСАД и Европа наскоро!

Се работи за одлично спакуван производ, кој со сигурност ќе ви се допадне.

Уживајте!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.