Tри нови училишта и целосни реконструкции во склоп на ООУ “Kруме Волнароски” во изминатите 12 години (ФОТО/ВИДЕО)

0

ООУ “Kруме Волнароски” oд населеното место Тополчани, заедно со осумте подрачни училишта во изминатите 12 години се стекна со инвестиции од 300.000 евра. Ова училиште иако се наоѓа во рурална средина, прерасна во современа образовна институција, која пружа квалитетен воспитно-образовен процес. Реализираните проекти, чија листа е долга, целосно го променија изгледот на централното и подрачните училишта и придонесоа во овие образовни институции да се изведува квалитетна настава.

BeFunky Collage

Денеска во училиштето пресконференција за новинари одржа директорот Дејан Бунтески, кој ги презентираше реализираните проекти и идни планирани инвестиции за ова училиште.

“Основното општинско училиште „Круме Волнароски„ – Тополчани е централно училиште кое во својот состав има осум подрачни училишта.

Нашето училиште е современо училиште во населено место сo најголем број на подрачни училишта.

Притоа централното училиште е лоцирано во населеното место Тополчани, а подрачните училишта опстојуваат во населените места: Старо Лагово, Клепач, Чепигово, Алинци, Загорани, Ново Лагово, Галичании, Беровци. Во училиштата кои се наоѓаат во Тополчани и Старо Лагово се изведува настава од I до IX одделение, а во сите останати подрачни училишта се изведува настава од I до V одделение во комбинирани паралелки.

Во изминативе 12 години, во централното и подрачните училишта вложени се инвестиции со вкупна вредност од околу 17.240.000,00 денари со што се подобрија инфраструктурните и материјалните услови за работа, а исто така се реализираа и голем број на проекти кои го зголемија квалитетот на воспитно – образовниот процес.

Ова се дел од реализираните проекти:

  • Модернизација на образованиетоод 2005 до 2009

– Подобрување на образовниот процес: нагледни средства и обука на наставници

– Инвестиција во вредност од 637.440,00 денари

– Проект инвестиран од МОН и Холандска Банка

  • Набавка на училишни клупи и столчињаод 2007до 2008

– Подобрување на условите за работа на учениците

– Инвестиција во вредност од 360.000,00  денари

– Проект инвестиран од МОН

 

  • Донација на книги (5000 наслови) во училишната библиотека2008

– Збогатување на книжниот фонд во училишната библиотека за подобрување на наставниот процес

– Донација врз основа на соработка со приватниот бизнис сектор во Прилеп

Централното училиште во Тополчани – ПРЕД

  • Изградба на капацитет за водоснабдување на училишната зграда во с.Старо Лагово (хидрофор)- 2008

– Снабдување со техничка вода во санитарните јазли и училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 199.730,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Реконструкција на училишната зграда во с.Старо Лагово2008

– Подобрување на условите за работа во училиштето (корекциинакров, зидови, тавани)

– Инвестиција во вредност од 298.916,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Адаптација и санација на санитарни јазли во училишната зграда во с.Старо Лагово2008

– Подобрување на условите за работа во училиштето

– Инвестиција во вредност од 285.161,00 денари

– Проект инвестиран од МОН

Централното училиште во Тополчани – ПОТОА

  • Адаптација и санација на санитарни јазли во училишната зграда во с.Беровци – 2008

– Подобрување на условите за работа во училиштето

– Инвестиција во вредност од 340.932,00 денари

– Проект инвестиран од МОН

 

  • Адаптација и санација на санитарни јазли во централното училиште- 2008

– Подобрување на условите за работа воучилиштето

– Инвестиција во вредност од 938.186,00 денари

– Проект инвестиран од МОН

berovci

Ново монтажно училиште во Беровци и нова градинка

  • Реконструкција на фискултурна сала во централното училиште – 2008

– Подобрување на условите за  наставата  и часовите по ФЗО

– Инвестиција во вредност од 1.242.805,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Поставување метална ограда на прозори, промена на олуци, смена и монтажа на брави во училишната зграда во с.Загорани- 2009

– Подобрување на условите за работа во училиштето

– Инвестиција во вредност од 99.238,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

cepigovo

Подрачно училиште во с. Чепигово (Пред-Потоа)

 

  • Одржување и санација на санитарни јазли во училишната зграда во с.Чепигово- 2009

– Подобрување на условите за работа во училиштето

– Инвестиција во вредност од293.000,00  денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Одржување и адаптација на училница во училишната зграда во с.Галичани- 2009

– Подобрување на условите за работа во училиштето

– Инвестиција во вредност од 333.250,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

galicani

Подрачно училиште во с. Галичани (Пред-Потоа)

 

  • Одржување и санација на кровна конструкција во централното училиште- 2009

– Подобрување на условите во училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 801.987,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

novolagovo

Подрачно училиште во с. Ново Лагово (Пред-Потоа)

 

  • Бесплатни учебници за учениците– 2009

– Подобрување на наставата и наставниот процес

– Проект инвестиран од МОН

 

  • Поставување громобран на кровот на зградата од централното училиште – 2010

– Подобрување на безбедноста на училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 284.000,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

starolagovo

Подрачно училиште во с. Старо Лагово (Пред-Потоа)

  • Одржување и санација на подовите во централното училиште – 2010

– Подобрување на условите за работа во училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 789.939,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина  Прилеп

 

  • Компјутер за секое дете– 2010

– Осовременување на наставата во основното образаование

– Проект инвестиран од МОН

 

  • Компјутер за секој наставник – 2010

– Осовременување нанаставата во основното образаование

– Проект инвестиран од МОН

image001

image004

image005

image008

image009

Подрачно училиште во с. Загорани

 

  • Поставување на дренажа околу зградата од централното училиште – 2011

– Подобрување на условите за работа во училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 336.975,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Санација и реконструкција на кровот на училишната зграда во с.Загорани – 2011

– Подобрување на условите за работа во училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 350.814,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Поставување на ограда со две порти и потпорен ѕид на училишната зграда во с.Алинци- 2011

– Подобрување на безбедноста на училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 346.743,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Санитарни јазли и санирање на училницата во училиштето во с.Ново Лагово – 2011

– Подобрување на условите и хигиената во училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 353.929,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Реконструкција и санација на подовите во училиштето во с.Старо Лагово – 2011

– Подобрување  на условите за работа во училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 352.820,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Изградба на санитарен јазол во училиштето во с.Загорани – 2011

– Подобрување на условите и хигиената  во училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 348.233,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Промена на дограма во централното училиште – 2011

– Подобрување на условите во училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 36.000,00 евра

– Проект инвестиран од ИПА Фондовите и  ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Промена на дограма во училиштето во с.Старо Лагово – 2011

– Подобрување на условите во училишната зграда

– Инвестиција во вредност од 18.000,00 евра

– Проект инвестиран од ИПА Фондовите и  ЕЛС на општина Прилеп

 

 

  • Изградба на монтажни училишни згради во с.Чепигово, с.Беровци и с.Галичани- 2011

– Подобрување на условите за работа (хигиенски, здравстевни, безбедносни)

– Проект инвестиран од МОН

 

  • Набавка на канцелариски столици– 2012

– Подобрување на условите за работа на вработените

– Инвестиција во вредност од 100.000,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Адаптација на простор за детска градинка во рурална средина во централното училиште- 2013

– Започнување со работа на градинка во рурална средина

– Инвестиција во вредност од 185.747,00денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Реконструкција на внатрешна електрична инсталација во централното училиште – 2013

– Подобрување на условите за работа (безбедносни)

– Инвестиција во вредност од 897.997,00денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Реконструкција на кров од училишните згради вос.НовоЛагово и с.Галичани– 2013

– Подобрување на условите за работа

– Инвестиција во вредност од 967.655,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Комплетна реконструкција на старата училишна зграда во с.Беровци– 2015

– Подобрување на условите за работа

– Инвестиција во вредност од 1.200.000,00 денари и 870.000,00 денари

– Проект инвестиран од УСАИД и ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Поставување на громобранска заштита на училишните згради во с.СтароЛагово, с.Галичани и с.Беровци – 2015

– Подобрување на условите за работа  (безбедносни)

– Инвестиција во вредност од 177.000,00 денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Промена на дограма во училишната зграда во с.НовоЛагово – 2015

– Подобрување наусловите за работа

– Инвестиција во вредност од 60.000,00 денари

– Донација врз основа на соработка со невладина организација

 

  • Промена на кровна училишната зградаво с.Старо Лагово– 2015

– Подобрување на условите за работа

– Инвестиција во вредност од 1.027.742,00денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Набавка на училишен инвентар во училиштето во с.Беровци– 2016

– Подобрување на условите за работа

– Инвестиција во вредност од 299.720,00денари

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Оградување на училишниот двор во с.Беровци – 2016

– Подобрување на условите за работа

– Проект инвестиран од ЕЛС на општина Прилеп

 

  • Изградба на детски забавен парк во училишните дворови во с. Чепигово, с.Алинци и Ново Лагово – 2016

– Подобрување на условите за работа

– Проект инвестиран од ЈКП Комуналец – Прилеп и ЕЛС на општина Прилеп

Ова се реализираните проекти, а во тек е оградување и изградба на детски парк во с.Галичани. На крајот да напоменам дека како идни проекти се: оградување на училишниот двор и реконструкција на фасада во централното училиште, како и оградување на училишниот двор и реконструкција на ѕидови и тавани во училишната зграда во с. Старо Лагово.

Голема благодарност до МОН , ЕЛС на Општина Прилеп со Градоначалникот Г-ин Марјан Ристески за досегашните инвестиции во нашето училиште, се надевам дека соработката ќе продолжи и во текот на наредните години со што  ќе се зголеми квалитетот на воспитно-образовниот  процес”, изјави Дејан Бунтески, директор на ООУ “Круме Волнароски”.