OOУ “Kирил и Методиј” oд Канатларци го прослави патрониот празник

1

Во духот на соживотот помеѓу македонското и турското население, во духот на меѓусебното разбирање и почитување, денеска ООУ „Кирил и Методиј“, во населеното место Канатларци го одбележа, својот патрон празник, 24 мај, Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“.

Чествувањето на патронот , Св. Кирил и Методиј ,започна со пригодна програма подготвена од страна на учениците, a на неа присуствуваа родители, ученици, директори од ООУ од Прилеп, претставници од локалната власт и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој им го честита патронот на училиштето и истакна дека приоритет на локалната власт и понатаму е подобрувањето на квалитетот во образованието не само во градот, туку и во населените места.
– Во ООУ „Кирил и Методиј“, во населеното место Канатларци , имаме реализирано многу заеднички проекти, но планирано е да се уреди дворното место, заедно со Агенцијата за млади и спорт и да се изгради мултинаменско игралиште и да се изврши реконструкција на покривот на училиштето, а реализирани се доста проекти и во подрачните училишта во нм. Подмол, нм. Бонче и нм. Ерековци. Воедно, ова е едно од училиштата кое служи како пример како треба да се гради соживотот меѓу луѓето од различна националност и вероисповед“ – истакна градоначалникот Марјан Ристески по повод патрониот празник на ООУ „Кирил и Методиј„ во населеното место Канатларци .


Инаку ова училиште е мултинационално и во него учат и работат ученици и професори од македонска и турска националност.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.