Moмче од Скопје “избербатил” девојка со автомобилот, а потоа сам се пријави за “сељак” на “Ѕид на сообраќајниот срам”

Вест за неверување – во скопскиот сообраќаен хорор се појави херој! И тоа од оние кои завршуваат на Ѕидот на сообраќајниот срам како најголеми сељаци. Момче од Скопје побрза самото да се шлапне на Ѕидот на срамот пред да го стори тоа девојката со белата јакна.

Koлку и да изгледа за неверување, сепак е вистина! Момчето само се пријави и побара девојката да му пише во инбокс за да се извини како што треба.

Секоја чест за ваквиот гест! Не секогаш возачите се виновни за ваквите случки, но ретко кој би постапил на ваков начин.

Се надеваме дека Игор ќе ја пронајде девојката која ја испрскал со автомобилот.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.