Mики нуди одлична плата од 500 евра за работа на неговата фарма, плус сместување и храна, но….

Неверојатно е тоа што на огласот за работа, за одлична плата, никој не се пријавил веќе 60 дена.

“Немам работа” и “нема ниту денар во џебот” – се најчестите зборови кои со години ги слушаме од младите.

Жално е тоа што дека не само младите го велат тоа. Луѓето од различни старосни групи имаат проблем со наоѓањето на работа. Не само затоа што ја нема, туку затоа што се пребирливи.

Ако ви кажеме дека постои оглас за работа на кој се нуди 500 евра месечна плата, а на него се нема пријавено никој веќе 2 месеци, што ќе кажете?

Семејството на Михаел Чалаг (18) поседува голема фарма. Огромна фарма, да прецизираме, во Крешево покрај Сараево.

Михаел веќе сега е главен на својот посед и работи од утро до мрак. Го обожава својот трактор, стоката, целиот имот.

Повреден од него нема да запознаете. Но, тој се мачи во последните два месеци да пронајде работник – пишува српски “Телеграф”.

“Сите за таа работа плаќаат по 200 евра, а јас нудам на почеток 500 евра и повторно никој не сака да се пријави. Тешко е да се најде овчар, никој не сака да го работи тоа, сите се прават господа. Никој се нема јавено веќе 2 месеци, барем да праша за условите”, рекол Михаел.

А добрата плата не е единственото нешто што се нуди. Обезбедени се и храна и сместување.

“Имам околу 350 овци. Работникот е задолжен да биде присутен тука постојано, обезбедено му е храна и сместување, а негова обврска е да ги храни овците, да гледа дали некоја ќе се објагни…”, објаснува Михаел.

Работници и претходно наоѓал тешко. Во ерата на “работа од дома” никој не е подготвен да ги засука ракавите и навистина нешто да работи. На многумина сеуште им е драго да ги финансираат родителите, отколку сами да заработуваат.

Сетете се на овој оглас секогаш кога ќе си речите дека нема работа…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.