Koга ќе паркираш во лер, па колата ќе си слезе сама на булевар: Прилеп и се’ е можно (ФОТО)

Несекојдневна ситуација се случи синоќа на булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп. Автомобил кој најверојатно бил паркиран во лер, слегол на коловозот.

Притоа полицијата била приморана да интервенира, а според она што го дознаваме припадниците на МВР ја турнале колата на обележаното паркинг место.

За среќа не дошло до несакани последици во моментот кога возилото се пуштило само на булеварот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.