KРУШЕВО БУДНО: Локалниот младински совет на Општина Крушево организира забава

1

Младите во Крушево прават забава на која сите се поканети. Забава која обединува и здружува.

„Музиката обединува, музиката им помага на младите да го пронајдат своето место во светот на љубовта и соживотот.
Затоа, од особена чест ни е да ве известиме дека на ден 10.09.2016 година, во градскиот парк, со почеток од 21 часот, Локалниот Младински Совет од Општина Крушево организира локална младинска забава насловена како „Крушево будно“.“

На оваа забава ќе им биде оставена можност на младите крушевчани слободно да го изразат својот музички дух,  немислејќи на поделеноста која ја налага ова време.

Да им покажеме на возрасните дека младите го движат светот! Ние го сакаме Крушево, а вие?“  – истакнуваат членовите на Локалниот младински совет, кој функционира во рамките на Советот на Општина Крушево.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.