дома блог страница 3631

“Замислете, Лиле Попоска од ДОМ, ќерката на Блаже Ристески гласаше за преименување на државата??”

Собранието на Република Македонија вчера со 69 гласови „за“ и еден воздржан повторно го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името, откако на 20 јуни истиот беше усвоен, но претседателот на државата го врати без да го потпише.

Освен Ферид Мухиќ кој беше воздржан при гласањето, сите други пратеници од владеачкото мнозинство го поддржаа преименувањето на државата.

Меѓу нив и претседателката на политичката партија ДОМ, Лилјана Поповска, ќерка на академикот Блаже Ристовски.

Жално е тоа што токму ќерката на најпознатиот македонски книжевен историчар, филолог, фолклорист и историчар, како и потпретседател на првата македонска Влада, поддржа промена на државното име и не се одважи од договорот кој многумина го сметаат за штетен и капитулантски.

„За мене, промената на Уставот е неприфатливо барање кое задира во сувереното право на граѓаните да одлучуваат за своето внатрешно уредување и именување. Немам изворни информации, освен од грчките медиуми. Но не им верувам, зашто македонските преговарачи повеќе пати јасно кажаа дека барањето за промена на Уставот е неприфатливо и дека погрешно се употребува терминот ‘ерга омнес’. Тој во меѓународното право важи за меѓународен промет. А за тоа всушност и се водат преговорите. Не може само за Македонија ‘ексклузивно’ да се толкува терминот ерга омнес, спротивно на меѓународното право“, изајви Поповска во една прилика во мај месец оваа година.

ВИДЕО:”Настанот што ја одбележа минатата недела во Македонија и стана историја??”

Еден наш голем деец рекол: “Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е, ести голем, ако останеме без нашето име од кое уште се плашат ко од чума. А без него и гробовите ќе ни бидат празни” – порача од собраниската говорница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,
Крсто Јовановски, на седницата за пратенички прашања која се одржа во понеделникот.

Слушнете го целиот негов моќен говор во траење од 9 минути:

Прилепчанката Мишела Димоска по обичај ГАЗИ: Се пласира во финалето на Купот во Умаг (ФОТО)

Мишела Димоска се пласира во финалето на Купот во Умагд во кати во У- 21, каде што ќе се бори против Ема Браздова од Словачка.

Димоска настапува за Ронин Мамисде карате од Австралија, како и нејзнината сестра близначка Маријана.

Резултати

Мишела Димоска – Гута Алина-Михаела (Романија) 5-0; Мишела Димоска – Лаура Фершинг (Австрија) 5-0; Мишела Димоска – Маша Симонич (Словенија) 5-0; Мишела Димоска – Смила Хагман (Шведска) 5-0

Финале

Мишела Димоска – Ема Браздова (Словачка)

Маријана Димоска – Елизавета Кемина (Русија) 5-0; Маријана Димоска – Дарбјан Нехан (Канада) 5-0; Маријана Димоска – Араки Франческа (Шпанија) 2-3; Киријана Камческа – Араки Франческа (Шпанија) 0-5

Извор: “Ипон”

Се во знакот на бројот 7: Еве кога Јувентус ќе го промовира Роналдо

Во Торино веќе се подготвуваат за прославата за договорот на векот.

Италијанските медиуми го објавија датумот на кој Кристијано Роналдо ќе биде официјално претставен на „Алијанц“ стадионот. Денот е 7 јули, а тогаш се очекува Роналдо да пристигне во Торино, тврди „Спорт Медијасет“.

Преселбата на Кристијано во Јувентус е прашање на часови. Ова, пак, го потврдува португалското издание „Рекорд“, кое се смета за блиско до мега-ѕвездата на светскиот фудбал.

Агентот на португалската ѕвезда, Жорже Мендеш и претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез се сретнале во Мадрид, за да разговараат за трансферот, кој ќе ја чини „старата дама“ 100 милиони евра.

Со тоа Роналдо ќе стане најскапиот трансфер во историјата на Јувентус.

Комити: “Како да ви го објасниме МВР нашиот гнев, нашиот моментален порив за одмазда!? Дали сте свесни дека ќе започнете нешто, од кое нема враќање назад”

(Фејсбук статус на навивачката група “Комити”)

Молчевме цела недела, огорчени, потиштени и со мислите кон нашиот млад брат. Како да ви го објасниме МВР нашиот гнев, нашиот моментален порив за одмазда!? Дали сте свесни дека ќе започнете нешто, од кое нема враќање назад.

Нашите прашања до институциите, НВО-та(ако постојат уште такви), медиумите и граѓаните на оваа наша измачена земја, се:

1. Од кога тоа, дело, убиство во обид, кое се казнува со дваесет години затвор, се преобразува во дело насилство?

2. На кој начин дело сторено на 29.06. 2018 година, се објавува во полициски билтен на 02.07. 2018, наместо следниот ден, како што е редот?

3. До кога ќе ги заштитувате милениците на дуи(шверцери) како бели мечки?

Осудените за убиство во делото “Монструм”, каде на 5 Македонци им беше одземен животот, се слободни, а луѓето што го нападнаа “Могли” од Струга (кој во интервјуа раскажуваше дека Македонскиот народ не постоел) се затворени.

Прашуваме каде е тука правдата!?
Се сеќавате ли на Мартин Нешковски и реакцијата на тогашните “револуционери”!?

Се сеќавате ли дека сето тоа беше за прикривање на дело!?

Се сеќавате ли колку бевте гласни!? Тогаш глумевте за личен интерес и за полнење на вашиот џеб, а сега кога го нема тоа, скриени како глушец во дупка. Ние, кубурата и камата нема да ги криеме за црни денови, зошто се веќе дојдени.

Нашите мисли, срце, душа и нашите молитви се со Саздо и неговата фамилија. Се молиме, да повторно дојдеш и запееш со нас, за Вардар и за Македонија!!!

Мицкоски: Убијците од Монструм се ослободуваат, а луѓето од 27 април ги судат драконски

Имаме случаи како Монструм каде имаме брутална егзекуција и имаме докази, спорот е воден пет години, урната е пресудата, рочиштата се вратени на почеток и се одвиваат еднаш месечно, а од друга страна имаме судски спор од 27 април кој што рочиштата ги закажува надлежната судијка на дневна основа, ден за ден и притоа соседите ми кажуваат дека неколкумина се грижат за безбедноста на истата и јас не гледам доколку сум чист и сум слободен граѓанин и тоа што го работам е согласно законите и Уставот зошто е потребно некој да се грижи за мојата безбедност, ова го потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски во вечерашната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Мицкоски: Бидејќи станува збор за политички монтиран случај ќе побараме закон за амнестија и очекувам Села да го поддржи

Имаме не еднаков аршин во изнесувањето на судските пресуди, денеска имавме таков пример имаме луѓе кои што се осудени на вкупно 81 година затвор, а во Охрид се случи убиство каде што човекот кој што го направил тоа е осуден на пет години затвор, ова вечерва во емисијата „Топ Тема“ на Телма го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Да не зборувам за сите овие не разоткриени случаи на убиства по скопските улици, за сите оние тероризирања, обиди за убиства кои што се случуваат, пресметки со ножеви и така натаму, а сите тие се квалификувани како насилство, е сега овој случај се темели на тоа дека имаме пресуда која што е еднакво на 81 година затвор. Во оваа прилика ја информирам македонската јавност како претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред партиските органи ќе предложам и ќе побарам поддршка од страна на извршниот комитет да изработиме амнестија за овие луѓе бидејќи очигледна е политичката пресметка, а не докажувањето на кривичното дело и доколку добијам поддршка откако ќе се изработи овој закон и истиот ќе биде доставен до Собранието ќе побарам поддршка од страна на Зијадин Села да го поддржи истиот закон, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш додаде дека станува збор за политичка пресметка и притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и врз семејствата на тие луѓе.

Покрај ваква девојка секој би играл одлично на теренот- Мбапе има вистинска убавица на трибините во Русија (ФОТО)

Младиот фудбалер на Франција Килијан Мбапе го изненади целиот свет на мечот против Аргентина откако на теренот остави се од себе.

Фудбалерот беше речиси непрепознатлив, а според многумина тој едноставно леташе по теренот, но тоа е така поради поддршката кој ја имаше на трибините.

Иако приватниот живот го крие умешно далеку од очите на јавноста, по сјајната игра на СП медиумите навлегоа детално во неговиот приватен живот.

Coupe de France ⚽️ #Football #stadedefrance

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaayliesoff) on

Според откритијата одличната форма на фудбалерот се должи на неговата девојка Алисија Алијас која е поранешна француска мисица и во моментов таа се наоѓа во Русија каде што го поддржува Мбапе и соиграчите, погледнете.

Il faut parfois prendre le temps d’apprécier certaines choses .. ?

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaayliesoff) on

Be Yourself ?

A post shared by Alicia Aylies (@aliciaayliesoff) on

ВИДЕО: Неколку крави спокојно си пасат во дворот на скопската болница

Неколку крави спокојни си пасат во дворот на скопската психијатарска болница во Бардовци. Снимката која се појави на Јутјуб е направена денеска и снимена е во скопската болница меѓу петтата машка барака и судското одделение. Погледнете:

Над 420 земјотреси за 24 часа во Албанија

Последниве 24 часа Албанија ја погодија над 420 земјотреси од кои 20 беа посилни и граѓаните ги почувствуваа. Според Институтот за геолошки науки во Тирана, станува збор за афтершокови по вчерашниот земјотрес од 5 степени по Рихтер чиј епицентар беше во бизината на Драч.

Потресите во Албанија се редовна појава и се резултат на судирот на Јадранската микроплоча која е дел од две големи континентални плочи, Африканската и Евроазиската. Умерените земјотреси од 5 до 5,5 степени таму се случуваат на две или пет години.