дома блог страница 1645

Големо пocкапyвање на гopивата во Maкедониja од полноќ

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,549 отсто, а кај дизелот за околу 4,440 отсто, како и за 0,29 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Ова е нajновата cocтojба со пожapитe во околината на Пpилеп: Се дежypa кaj Opeвоец, гopи кај Kaнатлapци и Топлица

Информација за активни пожapи во прилепско од Центарот за yпpaвyвање со кpизи

Пожapoт кој започнал од запалено стрниште во атарот на с.Канатларци, општина Прилеп се уште е активен и е пpoшиpeн во атарот на с.Мусинци, општина Могила.

Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од 2 пожapникари со 1 ПП возило од ТППЕ Прилеп и 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Битола, како и поголем број на жители од селото со сопствени трактори.

За настаната состојба известени се ДЗС Прилеп и СВР Прилеп како и ЕЛС Могила, ЕЛС Новаци, ДЗС Битола, ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола.

Во општина Прилеп пожарот во атарот на с.Ореовец, општина Прилеп e под контрола. На терен има екипа од 3 пожарникари со 1 ПП возило кои ги обезбедуваат куќите од селото.

Пожарот на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица, општина Прилеп сеуште е активен и има зафатено голема површина. Во гаснењето интервенирале 8 пожарникари со 2 ПП возила.

3aeв синоќа од Кочани: Пожapoт во Koчани е локализиpaн, cиcтемот фyнкциониpa

Пожарот во Кочани е локализиран благодарение на професионалноста на пожарникарите, на помошта која стига од целата држава и на солидарноста на граѓаните. Системот функционира, во текот на целиот ден безбедноста на граѓаните ни беше на прво место и до овој момент немаме лица со изгореници, информираше синоќа од Кочани премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Упатувам благодарност до граѓаните што помагаат и до претставниците на медиумите што известуваат навремено, точно и одговорно. Утре наутро очекуваме помош од соседите, претседателот Пендаровски се слушна со претседателот на Бугарија Радев, а јас се чув со претседателот на Србија Вучиќ и со премиерот на Бугарија Јанев. Будно ја следиме состојбата, нема паника, ситуацијата е под контрола, поголем дел од пожарите се локализирани. Апелирам за одговорно споделување точни информации од страна на граѓаните преку социјалните мрежи и преку медиумите. Безбедноста на луѓето на прво место, стои во објавата на премиерот.

Премиерот Зоран Заев од Кочани порача дека е важно што се сите заедно, што се дејствува координирано. Тој рече дека министерот за внатрешни работи Спасовски и вицепремиерот Николовски се во Ранковце, каде што исто така има пожари .

Веќе утре ќе покренеме постапка за да заврши сервисирањето на канадерите. Двата хеликоптери ни се на располагање, но не смеат да летаат во ноќни услови поради безбедносни причини, рече премиерот Заев.

Тој нагласи дека со него е министерот за здравство Венко Филипче.

– Имаме девет луѓе кои вдишеле чад и се на лекување во болница. Немаме други загрозени човечки животи. Важно е да знаат сите дека солидарноста во државава функционира. Целиот систем поставен преку ЦУК и ДЗС со противпожарните единици функционираат имајќи во предвид дека денеска се лоцирани 13 пожари кој беснеат на територија на целата држава, изјави Заев.

Покрај штетата која ја направи пожарот, најважно е дека нема загрозени човечки животи, смета премиерот Зоран Заев кој вечерва беше на терен во кочанскиот регион.

„Приоритет се човечките животи и најважно е дека немаме загрозени човечки животи. Ова е показател дека солидарноста во државата функционира. Ќе останеме цела вечер во Кочани. Ќе правиме проценки. За жал горат многу планини во нашата земја. Ветрот за среќа стивна, но ќе бидеме на штрек, за што побрза целосна локализација на огнената стихија“, истакна Заев.

Заев вели дека остварил контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ каде било потврдено дека ќе испратат хеликоптери за целосно локализирање на пожарите во источниот предел на Македонија.

Бил Гejтc може да тpoши по 1 милион долapи дневно во нapeдните 300 години и пак да му ocтанат пapи

Дали некогаш сте се запрашале како би било да имате толку многу пари што би можеле да потрошите илјадници – или дури и повеќе од милион долари – толку лесно како што просечниот Американец троши еден долар за слатки?

Таков е случајот со Бил Гејтс, Илон Маск, Џеф Безос и многу други милијардери.

Имено, со нето вредност од 131 милијарди долари, трошок на Гејтс од 1,08 милиони долари е споредлив со трошок само 1 долар на просечен американски државјанин.

Всушност, Гејтс би можел да троши милион долари дневно во следните 300 години и сепак да има пари. Се разбира, тој не е сам во тоа. Основачот на Мајкрософт е четвртата најбогата личност во САД, зад основачот на Амазон, Џеф Безос, основачот на Тесла и Спејс Екс, Илон Маск и основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, според листата на милијардери на Форбс. Федералните резерви посочуваат дека просечно американско домаќинство има нето вредност од 121.700 долари.

Поделете ја нето вредноста на Безос од 211,4 милијарди долари (врз основа на податоците на Форбс) со тој број – и лесно може да заклучите дека Безос може да потроши 1,7 милиони долари исто толку лесно како просечниот Американец кога троши 1 долар.

Додека 1 долар на просечен граѓанин е еквивалент на 1,3 милиони долари од богатството на Илон Маск.

Пожapи се активни и во прилепско: Во Канатларци гacнат гpaѓани со тpaктори и едно возило на ТППЕ, одговорниот од општина не кревал на телефон

Пожарот кој започна во 09,30 часот во атарот на с.Лознани,Општина Могила ,локализиран е во 15,05 часот, информираат од Центарот за управување со кризи.

– Пожарот кој во 15,40 часот се префрлил од атарот на с.Канатларци, Општина Прилеп, во атарот на с.Мусинци,Општина Могила се уште трае и е проширен. Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од 4 пожарникари со 1 ПП возило.

-Интервенција на запалена куќа во с.Скочивир, општина Новаци. Пожарот започнал во 15,55 часот и сеуште трае. Интервенираат 4 пожарникари со 1 ПП возило.

Известени се: ЕЛС Могила, ЕЛС Новаци, ДЗС Битола, ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола.

Во општина Прилеп пожарот во атарот на с.Ореовец, општина Прилеп е локализиран но сеуште трае. Пожарот започна во 12,50 часот и имаше опасност да се прошири према куќите од селото. На терен има екипа од 3 пожарникари со 1 ПП возило кои ги обезбедуваат куќите од селото.

-Пожарот на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица, Општина Прилеп кој започнал во 13,10 часот се уште трае и има зафатено голема површина. На терен интервенира екипа од 7 пожарникари со 2 ПП возила.

– Пожарот кој започнал во 14,10 часот од запалено стрниште во атарот на с.Канатларци, Општина Прилеп се уште трае и е проширен во атарот на с.Мусинци, општина Могила. Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од 2 пожарникари со 1 ПП возило и поголем број на жители од селото со сопствени трактори.

Известени се: ДЗС Прилеп и СВР Прилеп, а одговорното лице од ЕЛС Прилеп не одговара на тел. повици – информираат од Центарот за управување со кризи.

Bладата “peaгиpaше”: 3aбpaна за движење низ шyма

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

Од вторник, 3 август, стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката.

Пендapoвcки: Xeликoптepите на apмиjaта нe мoжaт да лeтaaт нoќe, ќe гacнат caбajле

Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови – напиша Пендаровски на ФБ.

– Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови – информираше претседателот на државата.

Oваа објава на претседателот предизвика лавина гневни реакции кај граѓаните, кои можете да ги проследите на линкот во продолжение:

Мицкocки од Koчани: Hapoдот е вознемиpeн и бapa помош, апел до влacта за итна peaкциja (Видео)

ИТНО: Во моментот од мојата посета во Кочанско, потребна е итна реакција, народот е вознемирен и бара помош. Апел до власта за итна реакција! – напиша на ФБ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пристигна во Кочани.

– Во моментот сум во Тркање-Кочанско, огнот е над селото. Народот се самоорганизира против страотниот пожар, потребна е помош, ова е жалната слика вечерва. Се даваат надчовечки напори за локализирање на стихијата – напиша во наредната објава на ФБ Мицкоски.

Гpaѓаните во паника ce бopaт со oгнoт: Погледнете колкy е cepиозна cocтојбата со огнената cтиxиja во Koчани (Видео)

Граѓаните на Кочани се борат со страшните пожари кои ги зафатија и шумите и куќите.

Порталот “Kурир” oбјави видео снимки на кои се гледа колку многу е cepиoзена cocтojбата во градот на истокот:

Мицкocки: Итно да мy ce помогне на Koчани, имaшe xeликоптep за 3aeв и Beнко, а ceга нема!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати апел откако земјава е зафатена од неколку пожари.

„Алармантно! Кочани цел ден се бори со огнена стихија, ИТНО целосен фокус на Владата која во моментот сама слави на Мечкин Камен. ИТНО да им се помогне на луѓето.

Ова е реалниот живот, битка со огнена стихија и неспособната влада!

Имаше хеликоптер за пат од Скопје до Прилеп за Заев и Венко, а сега нема“…