AПСУРД: 5 години советник, а по 2214 точки, Јованоски дискутирал едвај за 30?!

Остануваат уште 30 дена до денот за Локалните избори, кога граѓаните ќе бираат нови тимови на локалните самоуправи во местата каде живеат. Поддршката во Прилеп ќе ја бараат актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој важи за еден од најуспешните во државата, Марјан Ристески, и 62-годишниот кандидат на СДСМ, Илија Јованоски.

Ако Ристески го бија добар глас во градот, за Јованоски граѓаните реагираат, велејќи дека неговата кандидатура е плод на безидејноста на СДСМ и немањето идеја и визија за градот под Марковите Кули.

Од првиот ден по социјалните мрежи се истури еден куп незадоволство од поддржувачите на СДСМ за изборот на Илија ЈОваноски за кандидат за градоначалник.

Имено Јованоски, како што претходно пишувавме, беше носител на советничката листа на СДСМ во Прилеп, на претходните локални избори во 2013 година.

Тогаш тој забележа катастрофален пораз и резултат од 19 168 гласови, наспроти 26 893 кои отидоа на контото на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот потег на раководството на СДСМ е потценување и непочитување на волјата на граѓаните, поразениот, повторно да биде кандидат.

Дознаваме и дека за време на неговиот речиси 5 годишен мандат, Јованоски не предложил ниту еден амадман за буџетот на општина Прилеп, како и тоа дека по 2214 точки за дискусија во Советот, тој се пријавил за дискусија на само 30-тина.

Со ваков однос кон проблемите кои ги третираат граѓаните, тој сега ќе ја бара  поддршката за прв човек на градот херој.

Неодамна бевме сведоци дека токму Илија Јованоски повика на бојкот на седницата на Советот, на која се одлучуваше  да се дискутира околу Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци, предложена од Министерството за труд и социјална политика.

По се изгледа, пред Јованоски стои сериозен предизвик и речиси невозможна мисија. Неговата задача е да премости цела планина, ако се има во предвид бројот на реализирани проекти во изминатите 12 години од страна на Марјан Ристески.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.