(ВИДЕО) ОВА Е ТОА ШТО ВИ НЕДОСТИГАШЕ: “Паметен јорган”, може да грее и да лади – но тоа не е се

jorgan

Компанијата “Смарт Дувел” направила јорган кој може да ве згрее кога ви е ладно или да ве излади во жеките летни денови, а посакуваната температура ја поставувате самите.

Што е уште поинтересно, овој јорган сам се затегнува, што ќе им се допадне на сите кои се мрзливи и не сакаат на утро да го средат креветот. Температурата на “паметниот јорган” можете да ја одредите со помош на апликација, а исто така преку апликацијата можете да направите едната страна од јорганот повеќе да се загрее или излади од другата страна.

Овој производ ќе ве чини 179 долари.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.