21 И 22 ЈУЛИ СИТЕ ВО КРУШЕВО НА РАЗЛАДУВАЊЕ И НА КУЛТУРЕН ЗЕМЈОТРЕС – ВЕ ОЧЕКУВА ‘’КРУШЕВО БУДНО’’

image001

“Крушево Будно” е иницијатива на младите од Крушево, иницијатива преку која што младите сакаат да допринесат во промовирање на градот како интересна летна дестинација и да ја збогатат летната културна програма.

Музиката не познава никаква определеност, таа ги сплотува луѓето, а единствено што треба да се направи е да ја пронајдите позитивната страна во себе.

“21 и 22 јули се младински денови, денови во кои што ќе покажеме дека младите знаат да организираат големи настани, знаат што е квалитетна музика, слушаат различен тип на музика и знаат да се забавуваат!

Градскиот Плоштад нека биди епицентарот на културниот земјотрес!

Крушево освен што е најпривлечна дестинација во летните жешки денови, нека стане и дестинација за пријатни летни забави. Ние ви нудиме пријатна летна температура, гостопримство и добра забава, на вас е редот да дојдете и да бидете дел од културниот земјотрес”, велат организаторите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.