16-годишно момче отишло да ги разлади нозете во морето, а кога излегол настанал вистински ХОРОР (ВИДЕО)

0

decak

Таткото на тинејџер од Мелбурн, чии нозе биле “искасани” од мистериозни бубачки додека пливал на песочната плажа, успеал да открие за што се работи, откако и лекарите не можеле да објаснат што се случило со нозете на 16-годишното момче.

Сем Канизај почувствувал болка кога после утакмица одлучил да ги разлади нозете на плажата Денди Стрит. Една минута подоцна, излегол од морето прекриен со крв.

Неговиот татко, откако лекарите не можеле да ја откријат причината, наоружан со рибарска мрежа и парче свежо месо, се упатил на плажата за да го открие виновникот за тоа.

-Го ставив месото во мрежата и бубачките се нафрлија на него како да немаат видено. Ја исцицаа целата крв, вели Канизај.

Тој бубачките ги однесол во болницата, а понатамошните тестирања ќе утврдат од која врста се истите.

Еве што му се случило и како изгледале нозете на момчето

А/Г/