Јувентус го доведе “бисерот” на Бока Јуниорс во своите редови (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион плати 9.5 милиони евра за 19-годишниот играч на Бока.

rodrigo-betankur-620x350

Јувентус цела година го чекаше овој момент, затоа што толку му требаше да го убеди Родриго Бентакур (19) и неговиот клуб Бока Јуниорс, за да се реализира трансферот на супер талентираниот фудбалер од Уругвај, кого многу клубови го посакуваа во своите редови.

Италијанскиот шампион потврди дека потпиша договор со Бентакур до 2022 година, а аргентинскиот клуб доби на име обештетување 9,5 милиони евра.

Странските медиуми пишуваат дека во своите редови Бентакур го покасуваа Реал Мадрид, Манчестер, Милан …., но Јуве беше пред сите нив, поради фактот што имаше предност за право на откуп уште во 2015 година, во склоп на договорот кога Карлос Тевез премина од Јуве во клубот од “Бомбоњерата”.

Бентакур оваа сезона одигра 11 меча за Бока, а вкупно настапи на 44 за тимот од Буенос Аирес.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.