Што работат играчите на Барселона по отпаѓањето од Лигата на шампиони ?

sadadd

По дебаклот и отпаѓањето од Лигата на шампионите, играчите на Барселона се одлучија да ја променат својата професија. Имено, напаѓачкото трио Mеси, Суарез и Нејмар се забележани како работат во локалниот ресторан во близина на Камп Ноу.

Секако оваа вест ќе беше чудна ако не се работеше за шега. На фотографијата се само три момчиња кои очигледно многу потсетуваат на фудбалерите на Барселона.

Триото МСН пред себе има уште предизвици во шпанската лига, а Лигата на шампиони ќе продолжат да ја следат на малите екрани.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.