ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Најмалку 35 луѓе се мртви во напад на новогодишна забава

istanbul-napad-696x387-640x356

Најмалку 35 луѓе се мртви и 40 се повредени во ноќен клуб во Истанбул откако напаѓач облечен како Дедо Мраз влегол и пукал во гостите, јавуваат турските телевизии, повикувајќи се на изјава на истанбулскиот градоначалник.

Нападот се случил неколку минути по полноќ во познатиот ноќен клуб Реина во областа Бешикташ во европскиот дел на Истанбул на брегот на Босфор.

Во клубот имало новогодишна забава.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.