Форбс го прогласи најмоќниот човек за 2015 година

Трет пат по ред еден ист човек е прогласен за човек на годината, a за прв пат претседателот на САД не е меѓу двајцата најмоќни.

Forbes_Logo

Рускиот претседател Владимир Путин и оваа година е прогласен за најмоќен човек во светот. Она што е најинтересно е што за прв пат во историјата, претседателот на САД не е меѓу двајцата највлијателни во светот.

v-putin

На листата Путин го следат германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на САД, Барак Обама.

Меркел оваа година ја подобри позицијата во однос на минатогодишното петто место, додека Обама падна едно место подолу.
Форбс оцени оцени дека Путин „продолжува да покажува дека е еден од неколкуте луѓе во светот кои се доволно моќни да прават сé што им е по волја и да се извлечат со тоа“.

Меѓу десетте најмоќни се и Бил Гејтс (6), Џенет Јелен, директорка на американските Федерални резерви (7), британскиот премиер Дејвид Камерон (8), премиерот на Индија Нарендра Моди (9) и Лари Пејџ (10), коосновачот на Google.

Рендал Лејн, уредникот на Форнс за Индипендент, рекол дека весникот илустрира остра промена во глобалната структура на моќта.

-Во текот на изминатата деценија, еден тренд е јасен: постепено се намалува моќта на Западот, додека моќта на Истокот постепено се зголемува, вели Лејн.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.