СРПСКИТЕ МЕДИУМИ ГНЕВНИ: Заев прифатил Србија да биде обвинета за геноцид над Албанците

132933_zoran-zaev_f

Кандидатот за премиер на Македонија и лидер на СДСМ Зоран Заев постигна договор со албанската партија ДУИ за Србија да биде обвинета за наводен геноцид извршен врз Албанците во Македонија, помеѓу двете светски војни, пишува српски Информер.

Заев синоќа им го  соопшти тоа на членовите на Извршниот одбор на својата партија, претставувајќи го тоа како дел од договорот со коалициониот партнер ДУИ за состав на идната македонска влада.

На оваа срамна одлука на Заев, се спротивставиле повеќе членови на Извршниот одбор, а тој се обидел да ги смири со зборовите дека тоа не е толку опасно за Македонија, затоа што вината паѓа на Србија и српската Влада, која во тоа време владеела со бившата Вардарска Македонија, додава порталот.

Заев ги извести своите странски колеги дека со доаѓањето на власт во втората фаза од договорот со Албанците, ќе се разговара за промена на државната химна и државното знаме, како и воведувањето на двојазични банкноти и монети, завршува порталот Информер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.