СКАНДАЛОЗНО: СЈО го амнестираше Заев по втор пат

Како и што се очекуваше, Катица Јанева продолжи со скандалозното и срамно однесување кое нема врска со право и правда и го повлече обвинението за предметот Пуч во кое еден од обвинетите е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според СЈО, поднесокот денеска ќе биде доставен до Кривичниот суд.

zaev-katica

Катица Јанева и СЈО откако претходно го ослободија од притвор Зоран Верушевски, сега тргнаа да го извлекуваат и Заев „Специјалките“ објаснуваат дека се откажуваат од обвинението бидејќи обвинителниот акт бил во спротивност со наводните докази кои обвинителството ги собрало во истражните постапки за предметите „Таргет“ и „Тврдина“, иако јавноста имаше прилика да види со свои очи како Заев уценува со снимките со цел да предизвика промена на власт.

„Појаснуваме дека, во насока на професионално работење, ние не може да застапуваме обвинителен акт кој е во спротивност со доказите со кои располагаме и истрагите отворени од наша страна. Воедно укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“ ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа.“ – стои во соопштението на СЈО, обвинителството кое се стекна со репутација на партиска испостава на СДСМ и тројански коњ во правниот систем контролиран од други центри на интерес.

Скандалозната и срамна одлука на СЈО не е ништо неочекувано за оние кои го следеа судскиот процес. Заев практично и не се појави во судница наоѓајќи разно разни апсурдни и комични оправдувања за одложување на рочиштата, бегајќи од соочувањето со правдата. За цело време вршеше и притисок врз судот нарекувајќи го контролиран од раката на власта, кога вистината е спротивна: токму тој во координирана акција со СЈО бега од лицето на правдата, односно е спасуван и извлекуван како што е тоа случај и сега во оваа втора амнестија за Заев.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци најави дека овој процес ќе добие ваков епилог, бидејќи како што изјавија, СЈО е само продолжена рака на СДСМ, па оттука, не треба да се очекува дека Катица Јанева да води предмети против Зоран Заев.

Ова не е единствениот кривичен предмет кој се води против лидерот на СДСМ. Оној од кој Јанева не може да го спаси е преметот “Поткуп“ каде Заев е снимен во акција одобрена од Судот, како бара поткуп од бизнисмен во Струмица. И во овој процес Заев бегаше од појавување на рочишта лажејќи дека имал средби и состаноци со италијанскиот амбасадор баш во терминот за појавување на суд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.