Се реализира водоводот во село Дреновци во прилепско, се гради и патот Дупјачани- Небрегово

Се реализира водоводот во село Дреновци во Општина Долнени. Исто така се гради и патот Дупјачани- Небрегово, беше посочено на денешниот работен состанок.

 

bose-milosevski

-Водоводот во село Дреновци беше предвиден во три фази. Првата фаза се реализираше лани. Се избуши бунар за во соседното село Дупјачани затоа што постоечките каптажи не ги задоволуваа веќе потребите за тоа населено место. Оваа година во тек е втората фаза, изработка на земјените работи што значи копање и поставување на цревото што ќе ја пренесува водата од селото Дупјачани во селото Дреновци и потребни се уште два милиони средства за техничкиот дел, пумпа, хлоринатор, куќарка, санација на постоечкиот резервоар. Моментално се проблем тие два милиони денари, изјави градоначалникот на Долнени, Боше Милошевски.

Заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски рече дека тие можат да ветат дека ќе обезбедат средства.

-Сме имале вакви примери и со други општини, комбинирано со средства и ќе ги обезбедиме, рече Костадиновски.

Во однос на патот Патот Неврегово- село Дупјачани, градоначалникот рече дека активно се работи, нема застој и за отприлика еден месец ќе биде готово се’.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.