Сериозни понуди на повидок за прилепската гол машина: Несторовски го привлече вниманието на големите клубови

Citta+di+Palermo+v+Bari+TIM+Cup+NdfnyfgvDXNl

Илија Несторовски е се поблиску до англиската Премиерлига. Нашиот репрезентативец игра одлично во тимот на Палермо. Во дебитантската сезона во Серија А, голгетерот досега даде девет погодоци и влезе во фокусот на многу европски екипи.

Наполи, Атлетико Мадрид, Бенфика, Севилја, се наредија на списокот на екипи кои го сакаат Илија во своите редови. Од Англија најавуваат дека Евертон е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец.

Прв напаѓач на „карамелите“ е Ромелу Лукаку кој сезонава даде 17 погодоци и е еден од најдобрите напаѓачи во Англија. Сепак Белгискиот репрезентативец најверојатно на крајот од сезоната ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ бидејќи Челси нуди 35 милиони фунти.

Доколку се реализира трансферот, Евертон е подготвен да плати дури 20 милиони евра за доведување на Несторовски на „Гудисон Парк“, пари кои ќе ги има ако го продаде Лукаку.

Скаут на Евертон веќе бил во Италија да го следи настапот на Македонецот, на дуелот против Јувентус во петокот. Тренерот на Евертон Роналд Куман смета дека Несторовски е вистински играч за неговиот тим.

Палермо е во зоната за испаѓање во Серија А и се поизвесно е дека Несторовски ќе си замине од тимот од Сицилија, но засега непозната е неговата следна дестинација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.