Сакале да го уништат стариот телевизор, но кога виделе што се крие во него – останале во шок !

tv-620x350

Човек од Канада (68) бил многу задоволен кога властите му вратиле повеќе од 71.900 евра. Парите се откриени во стариот телевизор.

Работник во фабрика за рециклирање пронашол пари во телевизор кој бил предвиден за рециклирање, пренесува CTV News. Оваа фабрика која се наоѓа во Онтарио соопшти дека веднаш ја контактирала полицијата.

Властите откриле дека парите биле изгубено наследство на овој човек.

Парите биле скриени во една кутија заедно со документите, што им ја олеснило работата на полицијата да го пронајде сопственикот.

Човекот рекол дека ги заборавил парите уште кога телевизорот му го подарил на совојот пријател, пренесува CTV News.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.