Прилепскиот пазар во иднина ќе произведува електрична енергија

ЈКП „Пазари“ од Прилеп планира да започне со реализација на проект за производство на електрична енергија со фотоволтаици за сопствени потреби на пазарот, но и за потребите на локалната самоуправа односно градот, старата чаршија и поширокото градско подрачје.

BeFunky Collage

Се планира да бидат поставени 1.300 фотоволтаични панели, со кои ќе се покрие целиот пазар и кои би произведувале 271,8 kw електрична енергија на ден. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на површина од 3.500 метри квадратни со кои ќе се обезбеди електрична енергија за околу 3.000 светилки.

Photovoltaik_Dachanlage_Hannover_-_Schwarze_Heide_-_1_MW

За целиот проект наскоро треба да биде изработена и физибилити студија која треба да покаже на каков начин ќе се користи електричната енергија. Дали таа би се акумулирала во одредени инвертори или пак таа би се внесувала директно во системот на ЕВН од каде понатаму ќе се дистрибуира до крајните корисници. По изготвувањето на физибилити студијата следува и изработка на проектот. Средставата пак за овој проект се планира да бидат обезбедени преку ЕУ фондовите.

solar-energy

Инаку досега за подобрување на условите и модернизирање на пазарот од 2004 до 2016 година се инвестирани 25 милиони денари. Прилеп доби современ и целосно покриен пазар, се изгради нов млечен пазар, се изградија нови деловни објекти, се репарираа дел од тезгите, се поставија хидранти насекаде во пазарот, изградени се јавни тоалети, поплочен е стариот градски пазар со бекатон плочки на површина од 5.000 м2, се изврши реконструкција на целокупната водоводна мрежа во рамките на пазарот и се реализираа уште многу други инвестици.

????????????????????????????????????

Освен поставувањето на фотоволтаичните панели во иднина се планира исто така и реконструкција, доградба и проширување на постојните деловни простории  околу текстилниот  пазар. Ќе се реконструира и модернизира управната зграда. Ќе се постават подземни контејнери во просторот на пазарот и околу него, со што ќе се обезбеди повисок стандард на одлагање на сметот кој се собира во пазарот и тоа ќе бидат првите подземни контејнери кои ќе бидат поставени во Општина Прилеп.

kontejneri

Исто така планирано е да се реализира проект за дотур на стока до тезгите на закупците, дуќаните во пазарот и дуќаните во центарот на градот со електрични возила. Ќе се замени осветлувањето во целиот пазар со штедливи лед светилки, а се планира и организирање на делови за цветен пазар и дел каде ќе се продава сертифицирана органска храна.

Ова се само дел од проектите кои се планира да се реализираа во периодот од 2017 до 2021 година и кои според проценките би изнесувале околу 50 милиони денари.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.