Повеќе од 60 милиони денари инвестиции во СОУ “Ѓорче Петров”: Училиштето доживеа расцут во секој поглед (ФОТО СПОРЕДБА)

BeFunky Collage

Во изминатите години во средното општинско училиште “Ѓорче Петров” во Прилеп, реализирани се инвестиции во вредност од над 60 милиони денари, со што училиштето од една руинирана образовна институција, прерасна во модерен образовен центар, кој постојано нижи нови успеси, благодарение на новата пријатна образовна клима и мотивираноста кај наставниците и учениците.

Денеска во училиштето се одржа пресконференција на која беше презентирано што се’ е реализирано во ова училиште.

Почитувани,

Инвестирајќи во образованието ние инвестираме во нашата иднина. Менаџерскиот тим при СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп, со гордост можеме да зборуваме за бројните инвестиции кои се направени во нашиот училишен центар од 2005 па наваму. Преку годишните планирања, а во непосредна соработка и со советот на родителиџ, нашите инвестиции се осмислени да ги подобрат условите за  учење и работа на сите кои се дел од училиштето, а пред се на учениците.

Да почнеме со ред.

  • Саниран е покривот на училишната зграда и работилницата за преработка на дрво.
  • Набавени се компјутери за секое дете и лаптопи за професорите
  • Набавени се клупи и столчиња кои се адекватни на новите компјутери
  • Променета е застарената електрична инсталација со цел да нема пречка во работата на компјутерите
  • Комплетно е променето осветлувањето на приземјето и првиот кат
  • Поставување на парно греење на нафта со автоматизирана котлара
  • Промена на целокупната столарија во школото како внатрешна така и надворешна
  • Поставување на разгласна станица со озвучување во сите училници и ходници во училиштето
  • Пуштање во употреба на нова спортска сала
  • Изградба и Опремување на кариерен центар за наставни и воннаставни активности на учениците
  • Реконструирање на магацински простории и изградба на кабинети за практична настава во кои спаѓаат: лабораторија (која ја немавме),кабинет за Физиотерапевти (нова просторија за тогаш воведениот нов профил),нов фризерски салон.
  • Комплетно партерно уредување на училишниот двор со изградба на потпорни ѕидови поради висинската разлика,поплочување со бекатон плочки и поставување на подземна атмосферска канализација на сите објекти во школото.
  • Изградба на нов влез со сензорни врати од Југозападната страна на училишната зграда.
  • Поставено е ново осветлување на вториот кат со што старите светилки се заменети со нови штедливи.
  • Реконструкција,проширување и опремување на кабинетот по информатика.
  • Отворена нова просторија која служи како центар за медијација
  • Набавени се камери за поголема безбедност на учениците,вработените и имотот на училиштето.
  • Поставени се нови заштитни решетки на сите прозори од приземјето
  • Поставени се заштитни пердиња на сите прозори во училишната зграда
  • Набавени нови столици, клупи за седење во училишниот двор и клупи за седење на учениците во ходниците
  • Поставени плочки по ѕидовите од скалишниот простор за подобрување на хигиената и подобар изглед на ентериерот
  • Поставување на декориран ѕид од дрво во ходникот на школото изработен од ученици на практична настава
  • Со поддршка од ЈКП „Комуналец“ комплетно уредени сите зелени површини во кругот на училишниот двор со замена на неквалитетна земја со плодна и посевање на трева.
  • Поставени се и пристапни патеки низ зелените површини,поплочени со бекатон плочки кои давааат 3 Д ефект.
  • Со исти такви бекатон плочки во тек е постапката да се поплочи паркинг просторот во кругот на училиштето.
  • Во најава е поставување на термоизолациона фасада на училишната зграда

Почитувани, во нашето училиште работиме на меѓународни проекти преку националната агенција за европски образовни програми и мобилност, но и преку други фондови па можеме да кажеме дека на задоволство на учениците сме посетиле земји како: Шпанија, Португалија, Романија, Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Словенија, Унгарија…

Кога ова ќе го претвориме во бројки, во нашето школо се инвестирани повеќе од 60.000.000 денари или повеќе од милион евра.

За сето ова претходно наведено, Нам ни преставува особена чест и задоволство што работиме за интерес на нашите ученици, но и за градот и државата. На крај сакаме да се заблагодариме на локалната власт на чело со Градоначалникот Марјан Ристески, Министерството за образование и наука при Владата на Република Македонија, советот на родители, USAID, UNDP, спонзорите, донаторите и сите кои придонеле за ваквиот развој на СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.