НОВА „ЈАЛТА“ НА ПОВИДОК: Се формира нов светски поредок, еве каде ќе се најде Македонија и Балканот!

Америка и Русија, судејќи по најавите на Доналд Трамп и политиката на Владимир Путин, со сигурност одат во правец на светски поредок кој ја уважува и онаа „другата страна“

jalta

Ако Доналд Трам, новоизбраниот претседател не биде оневозможен кон исполнувањето на своите замисли, според мислењето на дипломатот Владислав Јовановиќ, може да се каже дека тој на оваа позиција е дојден пвеќе како последица, отколку како пример на промените во меѓународните односи

Незапирлив процес

Имено, мултиполарниот свет како оспорување на униполарниот и хегемонијата на само една голема сила, се формира со доста убрзано темпо веќе десетина години. Затоа Трамп е во ситуација да го прифати процесот кој веќе е далеку влезен во развој и и ги собира плодовите од тој процес.

„Доаѓањето на Трамп во Белата Куќа носи многу непознаници, толку што сериозниот истражува тешко би се впуштил во давање на некои засновани предвидувања за тоа што ќе се случува“, вели Драган Смиќ за Спутник, декан на Факутлетот за политички науки и директор на Центарот за американски студии и додава дека никој не се сомнева дека промените ќе бидат значајни.

Дали навистина е можно ново преобликување на геополитичките позиции во светот, односно враќае на тој свет во лежиштето го чуваат стабилно две нуклеарни суперсии? Се почесто релевантните светски медиуми, претпоставуваат ваковепилог, спомнувајќи некој нов вид на Јалта.

Потсетуваме, во фебруари 1945 година на Јалта (Крим) е одржан состанокот помеѓу првите луѓе на СССР, САД и Велика Британија – Јосиф Сталин, Френклин рузвелти Винстон Черчил, на кој е одредена судбината на светот по Втората светска војна, зачувување на мирот и основање на Обединети нации и договор за поделба на Германија на четири зони.

Дури и некои од западните политичари, се свесни дека досегашниот нов светски поредок кој е формиран по Студената војна не ги исполни очекувањата, туку ги влоши меѓународните односи и предизвика низа инциденти и криза.

„Тој нов светски поредок ќе биде на принципот на нова рамнотежа на силите, помеѓу нови столбови на моќ, а таа рамнотежа се формира со договори, усогласување на меѓусебните интереси и враќање на оние концепти на уредување на меѓународните концепти кои постоеле отсекогаш кога не постоела хегемонија на само една голема сила“, истакнува Јовановиќ.

Тоа значи дека мора да се уважат интересите на сите највлијателни земји и ако биде потребно, тие интереси да се усогласуваат и преку некои џентлменски и пишани договори да се најде решение за посилното влијание во некои од областите на поединечните земји.

Неизбежна поделба на влијанието

„Со други зборови, некоја врста на интересни сфери или поделба на влијанието помеѓу новите носители на моќта во меѓународните односи е нешто што е неизбежно. И во тој смисол Трамп со право укажува дека првата негова задача е да ги нормализира односите со Русија, со која не може да си погирува и да ги употребува досегашните методи на администрацијата на Обама со заплашување и поигрување, бидејќи тие се неуспешн“, вели Јованивиќ.

Трамп, наместо ризична, опасна и неизвесна политика со Русија, со сигурност веднаш ќе почне односите да ги става во еднаков дијалог со јасно уважување на заедничките интереси на двете сили, бидејќи тоа го бара и нивниот и планетарниот опстанок.

„Не може односите на две сили кои меѓусебно имаат капацитет да се уништат, да се занемаруваат и туркаат во заборав поради остварувањата на некои одмазнички и неразумни политички цели на досегашната американска администрација“, подвлекува дипломатот.

Квалитет повеќе за свет во целина

Од многубројните најави кои господинот Трамп ги даваше, контактот кој претходно го имал со руски официјални претставници и изјавите кои ги давал со цел рестартирање на односите со Русија, може да послужат како моменти за профилирање на како ќе се одвиваат односите.

„Она што можеме да го заклучиме е дека во секој случај претстојува да се уредат односите, кога станува збор за Европа, на тој начин тој да го уважува Путин како силен државник и моќна личност, да го уважи и фактот дека Русија има легитимни интереси во меѓународното општество и дека за тоа мора да се разговара“, смета Драган Симиќ.

Односите на Америка со Русија, додава тој, во секој случај ќе бидат поконструктивни и подобри, меѓутоа треба да се има во предвид дека никогаш односите помеѓу две земји не зависат сосема или можеби во најголема мера од карактерот на личностите кои се на чело на истите.

Најава за постабилен Балкан

„Секако дека Трамп, кога станува збор за регионот на Балканот ќе го уважи интересот на Руската Федеација и другите крупни актери. Меѓутоа, не очекувам она што овие денови се пласира поедноставено, дека САД ќе се повлече и во целина ќе препушти Руската Федерација да решава за Балканот. До тоа секако нема да дојде. Но ќе биде пристап на урамнотежување“, заклучува Симиќ.

Од друга страна, Владислав Јовановиќ потсетува дека Трамп веќе изјавил дека првата задача ќе биде борба против исламскиот радикализам, што значи заштита од терористички опасности. Тоа, би ја намалила поддршката на САД на некои терористички организации низ светот, но и на Балканот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.