НЕСТОРОВСКИ НЕ ЗАПИРА: Десетти погодок за нашиот бомбандер!

Ilija-Nestorovski

Илија Несторовски го запиша својот 10-ти погодок во дресот на Палермо. Екипата од Сицилија во рамките на 26-то коло на италијанската Сериа А ја дочека екипата на Сампдорија и води со 1:0, благодарение на прецизно изведениот удар од 11 метри на прилепската гол машина.

Со победа на овој меч, Палермо ќе се приближи кон излезот од опасната зона на табелата, каде сега се наоѓа на 18-то место, а над нив е Емполи кој синоќа загуби од Јувентус со 2:0.

Головите на Несторовски се најзаслужни за досегашните бодови на Палермо, а неговата форма и расположеност за игра ќе биде клучна за опстанокот во првата лига.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.