ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО ЏЕЛАТОТ: Исповед на командантот задолжен за масакрирање на цивили !

isil-pogubljenje-novinara-500-600x384

Малик Камис Хабиб, поранешен командант во Исламската држава, фатен е од страна на ирачката војска пред неколку месеци. Неговата единица била задолжена за поставување на импровизирани бомби со кои се убивале цивили.

Ова е неговата исповед.

Новинарката Кимберли Дозиер преживеала експлозија на автомобил бомба, а двајца нејзини колеги ја немале таа среќа.

Неколку месеци покасно имала можност да разговара со еден од главните команданти во Ирак, чија задача била токму поставување на вакви направи и да убива војска и цивили.

Малик Камис Хабиб има завршено факултет, работел во државна фабрика, а во селото каде е роден не постои евиденција за датумот на неговото раѓање,  па се претпоставува дека има 45 или 46 години. Има 5 деца и сопруга.

Четири години бил во ИД и станал командант на 50 луѓе кои биле задолжени за поставување на импровизирани бомби. Тој вели дека ни сам не знае колку луѓе ги загубиле животите во неговите напади.

Кога зборувал за нападите станувал нервозен, очите и лицето му “играле” и ги стегал рацете.

Првиот автомобил бомба го поставил близу пазарот Зафараније во јули 2015 година. Медиумите известиле дека загинало едно лице а 5 биле повредени,  а наредниот месец еден човек од неговата единица бил уапсен.

Вториот автомобил бомба го поставиле блиску до пекарата во Вардија на 25 ноември 2015 година, убиваќи двајца а ранети биле 8 лица.

“Мета ни беа цивилите”, вели Хабиб, додаваќи дека секоја единица би требало да ги исполува задачите бидеќи ќе биде казнета. Него не му било јасно зошто нивна мета биле цивилите.

Командантите на ИД им објасниле дека со убивањето Шиити ќе заминат во рајот 1000 пати.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.