“Кинг Марко Опен-Прилеп“ во Прилеп

IMG_1781

Во Прилеп се одржа спортски настан натпревар во микс боречки вештини “Кинг Марко Опен-Прилеп“. Ова е прв натпревар од ваков вид со цел понатаму да стане традиција и да се зголемува по квалитет и по број на учесници. На натпреварот учество земаа 18 клубови од вкупно 12 градови: Прилеп, Битола,  Охрид, Струга, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово, Гостивар, Штип, Кичево, Струмица со околу 70 учесници во сите тежински категории и возрасти, машка и женска конкуренција. Натпреварот имаше за цел промоција на боречките вештини и спортови, собирање и стекнување искуство за сите наптреварувачи, тренери и судии.

Натпреварот беше поделен во два дела: воведен дел каде настапуваа учесници без искуство и втор главен дел каде настапија натпреварувачи кои веќе имаа искуство во боречки вештини и кои имаа настапувано на државни и мегународни напревари. Публиката имаше можност да гледа интересни борби помеѓу различни боречки вештини, стилови и школи кои се бореа по ММА правила.

„Од нашиот центар ЦБВ “Максам  Фајт – Прилеп“ настапија 10 натпреварувачи и освоивме 6 победи, а имаме 4 порази. На крајот на турнирот од страна на тренерите за најдобар борец беше избран Христијан Граороски член на ЦБВ “Максам Фајт – Прилеп“, посочија организаторите.

Ова беше уште една убава можност за промоција и афирмација на спортот од ваков тип.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.