„Како да ја развиеме интелегенцијата кај децата низ игра“ – предавање на д-р Ранко Рајовиќ во Прилеп

_mg_4571

Во организација на Центарот за едукација и советување и родителите Катерина Иваноска Вангелова и Дмитриј Вангелов, во соработка со општина Прилеп и Јавната Детска Градинка „Наша иднина“, денеска во Прилеп, во домот за култура Марко Цепенков, д-р Ранко Рајовиќ, од Србија, одржа предавање на тема „Како да ја развиеме интелегенцијата кај децата низ игра“. Според Рајовиќ секоја идна генерација на ученици е се послаба во знаење и учење од онаа претходната, а тоа било резултат на истражувањето во 6 земји на ЕУ. Тој тренд постоел веќе 10 години. Рајовиќ вели дека тие деца со незнаење доаѓале уште во прво одделение, поминувајќи го системот на семејството и предшколска возраст.

_mg_4553

„Ние мора да знаеме дека раната стимулација и опкружувањето се многу важни за развојот на детето и неговата интелегенција, а родителите се тие кои ги прават најголемите проблеми. Дислексија, дисграфија, дискалкулија, тоа не е генетска болест, тоа е проблем на опкружувањето. Може да биде и генетика но само 10%. Денес секое второ дете има некакви пречки во развојот. Во Македонија 50% од децата имаат проблем со говорот, 50% од децата имаат проблем со фината моторика, 60% од децата имаат рамни стапала. Тоа се знаци кои укажуваат на тоа дека детето нема да може да чита и да учи како што треба на училиште. Мора да се промени начинот на учење и да се поправат грешките на родителите. Најголемите грешки на родителите се тоа што тие пример им купуваат розови играчки на женското дете и плави играчки на машкото дете, не му даваат на детето да скока, не даваат да се врти, некои родители користат количка до 3 годишна возраст, сето тоа се огромни грешки на родителите и автоматски детето неможе да ги поврзе региите на мозокот. Ние мораме на детето да му поставуваме прашања за да тие мислат. Пример му поставуваш прашање : преку кое животно проаѓаат најголем број на пешаците, детето мисли и вели зебра. А замислите да го поставевме прашањето класично : кое животно личи на коњ и има црно бели ленти. Тука нема размислување, ние мора да ги научиме децата да мислат“, вели д-р Ранко Рајовиќ, основач на МЕНСА за Србија, Македонија и Словенија.

_mg_4547

Овој програм на д-р Ранко Рајовиќ кој се вика НТЦ се употребува во 20 држави во Европа, а се состои во поврзување на информациите. Тоа е доста интересен начин и систем на едукација и поттикнување на интелегенцијата кај децата. Токму тоа било причина и семејството Вангелови од Прилеп да го поканат Рајовиќ да биде гостин во овој град.

_mg_4541

„Како родители на две малечки деца пред неколку години слушнавме за семинарот на д-р Ранко Рајовиќ кој што тој го прави во Скопје и ние како членови на МЕНСА знаевме дека знаењето што тој ќе го пренесе ќе биде добро за нас и така се стекнавме со едно ново искуство. Забележавме дека родителите во градинката каде одат и нашите деца не се информирани за сето тоа знаење кое ние го имаме и сакавме тоа да го споделиме со нив. Сакавме да организираме еден семинар за воспитувачите кои потоа тие ќе им го пренесат на родителите, но ете се случи да ова предавање е бесплатно и на него дојдоа и воспитувачи и родители кои ги има од сите градови на Македонија“, истакна Катерина Иваноска Вангелова, родител.

На ова предавање, кое траеше цели 3 часа, присуствуваа и вработените од детската градинка „Наша иднина“ од Прилеп.

„Им се заблагодарувам на Катерина Иваноска Вангелова и Дмитриј Вангелов за организацијата на овој семинар на тема „Како да ја развиеме интелегенцијата кај децата низ игра“. Рајовиќ е познат и признат стручњак во целиот свет и неговото предавање многу ќе придонесе за унапредувањето на воспитно образовниот процес во нашите градинки“, кажа Хилда Белеска, воспитувач, во детска градинка „Наша Иднина“.

Влезот за ова предавање во домот за култура „Марко Цепенков“ беше бесплатен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.