Интервју со Андреа Седлоска – Уште една ѕвезда на македонското ракометно небо

За голем успех потребно е да се игра со срце и со голема самодоверба, така вели Андреа Седлоска. Таа е уште една ѕвезда на македонското ракометно небо, работи посветено и чекори сигурно по патот на успехот. Спортскиот ген очигледно го наследила од нејзиниот татко Гоце Седлоски, поранешниот капитен на фудбалската репрезентација и легендата на македонскиот фудбал. Андреа е млада ракометарка на која сигурно и претстои блескава иднина.

16118433_1728419720744779_1093941178_n

-Од каде љубовта кон спортот и кога за прв пат заплови во водите на ракометот?

Љубовта кон спортот е сигурно наследна кај мене. За прв пат на 9 години запловив во ракометот, а љубовта е се поголема од ден за ден.

-Кои клубски бои ги брани Андреа ?

Моментално играм за кадетската екипа на ЖРК Вардар.

-Колку ти беше тешко да се навикнеш на спортскиот режим и начин на живот ?

За да се навикнам на спортскиот режим не ми беше тешко, бидеќи од секогаш знаев како се одвиваат тие работи гледаќи ги постапките на мојот татко.

16111429_1728419840744767_310185329_n

-Дали има некој натпревар кој ти е особено драг, во кој најмногу се имаш истакнато и кој никогаш нема да го заборавиш?

Секој натпревар е за мене важен и особено драг бидеќи гледам дека секој натпревар е само напредување, но еден натпревар кој никогаш нема да го заборавам е натпреварот во Белград, кога игравме против тимот на Будиќност каде што постигнавме многу голем успех.

– Ракометот е дефинитивно спорт број еден во Македонија, но дали тука доволно се работи со младите ракометари ?

За успех во ракометот потребно е да се вложи многу. Ракометот не е случајно број еден спорт во Македонија. Поденакво се вложува и кај возрасните и кај младите категории на ракометари. Имаме одлични тренери кои ни помагаат да напредуваме и ни го покажуваат патот кон успехот.

-Кои се твоите желби, што сакаш да постигнеш во твојата ракометна кариера, каде го гледаш својот врв?

Мојата желба е да бидам успешна и да постигнувам одлични резултати. Себе си се гледам во Вардар, бидеќи според мене Вардар е еден од најдобрите клубови во Европа, но би сакала да играм и во Хипо, Австрија, бидеќи таму за прв пат започнав да играм ракомет.

16118661_1728419640744787_1826343650_n

-Колку е квалитетна лигата во која играте ?

Лигата во која моментално играм е повеќе од одлична. Имаме многу добра соработка, добро се сложуваме, а зедно со мојот тим и нашиот тренер Драгана Пецевска постигнуваме одлични резултати. Исто така морам да напоменам дека имаме многу голема поддрѓка од тренерот Раул Гонзалес.

-Што друго е твој домен на интерес, на што уште го трошиш своето време?

Моето слободно време го користам да бидам со мојата фамилија. Вложувам многу време во ракометот и во учењето, затоа моето слободно време сакам да го искористам со моите најмили.

-Кој е патот до успехот според Андреа?

За да се стигне до успехот потребно е да имате голема мотивација, да играте од срце и секогаш да верувате во себе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.