Детали за убиството во Велес: Се скарале на карти – испразнил цел шаржер во него

2-1

Пријателска седенка ескалирала во вооружена пресметка. Се скарале за карти па испразнил во него шаржер со 5 куршуми.

Денеска околу пладне, со неколку куршуми од пиштол застрелан бил велешанецот Тоше К. (43) од Велес. Полицијата кратко информира дека имаат приведено едно лице, како можен сторител, по денешната вооружена пресметка меѓу две лица. Пукањето се  случило околу 14 часот, а кога полицијата дошла околу 14 и 20 осомничениот бил над застреланиот, кој во тие моменти сè уште бил жив. Осомничениот при апсењето не давал отпор.

Дописникот на Телеграф.мк успеа да направил разговор со соседите кои опишуваат што виделе, иако никој од нив не бил сведок на злосторството кое се случило во дворот од домот на Коцев.

– Слушнавме истрели мислам дека беа пет, од дворот на комшиите. Потоа видовме како Тоше излегува надвор пред вратата и друго лице, кое држеше пиштол во рака. Комшијата беше долу со многу крв во пределот на стомакот, овој со пиштолот над  него. Дојде полиција за кратко време и го собра, а повредениот го однесоа со кола на Брза помош во болница – изјавиле соседите, видно потресени од настанот.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес, информираа дека кај нив во 14 часот и 40 минути бил донесен застрелан пациент.

– Лицето на возраст од 43 години, имаше повеќе прострелни рани во пределот на градите и стомакот. Имаше видливо крвавење, беше реанимиран и кога требаше да започне оперативниот зафат, тоа почина – изјавил портпаролот д-р Петре Кодовски.

На местото каде бил пронајден убиениот засега се пронајдени пет чаури. Неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. За можен сторител на убиството се сомничи лицето Б.Ш. (31).

– Тој со Тоше кај него дома цела ноќ беа заедно, до сабајлето, играа карти. Беа добри пријатели, живееја, не знам што било причината за вака да заврши нивното пријателство. Не можам да ја разберам причината зошто Тоше е застрелан – вели близок роднина на застреланиот. На лице место се јавен обвинител, екипа на СВР Велес а се чека да пристигне форензичка екипа од Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.