Голем температурен шок, студеното време ќе трае до…

fewfgreagerghtrhtrhtrhytrhythyt

Времето  утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од девет до 17 степени.

Во недела повторно ќе има засилен северен ветер особено во северните делови и в долж Повардарието. Во недела попладне ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд, а преку ноќта на планините појава на слаб снег.

Од понеделник утринската температура полека ќе се покачува, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински температури насекаде. Дневните температури од недела брзо ќе се покачуваат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела ќе надминуваат 20 степени пред се на југот од земјата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.