ГДОМ организира масовен собир пред Собрание во четврток

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во четврток вечер ќе организира масовен собир за одбрана на државата.

protest-gdom1-1-640x360 (1)

Како што дознаваме, собирот ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија и на истиот граѓаните ќе побараат одржување на избори за излез од кризата во која се наоѓа земјата, прекин на хаосот, дивеењето по улиците и уништувањето на спомен обележјата.

Минатата недела ГДОМ организираше мирни собири во Скопје на кои присуствуваа огромен број на граѓани кои бараат предвремени избори за излез од кризата во која се наоѓа Македонија. Масовна поддршка, Граѓанското движење доби и вчера на собирите во Велес, Битола и Штип каде граѓаните јасно кажаа „Да“ за избори и „Не“ на сценаријата за продолжување на кризата и бескрајна агонија во Македонија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.