Второ државно изборно првенство во борењe во Прилеп за само една недела

За само една недела Прилеп е домаќин и на второто државно изборно првенство во борење за млади до 20 години, У-20, кое денеска се одржа во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“. Организатор на првенството е федерацијата на боречки спортови на Македонија, а домаќин и технички организатор е клубот „7 Мај Леов“ од Прилеп. На првенството денеска се натпреваруваа 50 учесници од цела Македонија.

_MG_6802

„По втор пат сме во Прилеп за една недела, каде ја одбираме младинска репрезентација на Македонија во борење до 20 години. Многу сме задоволни од боречкиот клуб „7 Мај Леов“ од Прилеп и на градоначалникот Марјан Ристески од кои добиваме голема поддршка за борењето. Денеска ќе ги одбереме најдобрите репрезентативци кои наредната недела ќе заминат на турнирот „Петко Сираков“ во Варна, Бугарија. Тоа е младински турнир каде ќе учествуваат тројца наши борачи, судија и селекторот на репрезентацијата за младинците“ истакна Дејан Богданов, заменик претседател на боречка федерација на Македонија.

_MG_6860

Учесниците на првенството ги поздрави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој истакна дека локалната самоуправа на Прилеп активно го поддржува овој спорт.

„Задоволство ми е што по втор пат за само една недела тука во Прилеп се одржува уште едно државно првенство во борење за млади до 20 години. Оние кои ќе победат во различните категории ќе бидат дел од македонската репрезентација. Благодарност до боречката федерација на Македонија и клубот „7-ми Мај“ од Прилеп кои се организатори на овој настан. Посакувам денеска да победат најдобрите. Инаку ние како локална самоуправа доста го поддржуваме борењето и клубот „7 Мај Леов“ и се надевам дека во иднина ова ќе биде уште помасовен и потрофеен спорт во нашата држава“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_6857

Членовите на боречкиот клуб „7 Мај Леов“ од Прилеп истакнаа дека се горди што по втор пат ја добиваат довербата од федерацијата на боречки спортови од Македонија да бидат домаќини и технички организатори на еден вака голем настан.

_MG_6839

„Денеска сме домаќини за изборно првенство за млади до 20 години. Победниците во своите категории влегуваат во репрезентацијата на Македонија, која е под покровителство на федерацијата за боречки спортови на Македонија и ќе земат учество на интернационалните турнири. Во најскоро време таков турнир ќе се одржи во градот Варна во Бугарија и тоа следниот викенд, каде ќе земат учество 10 боречки велесили како една Русија, Турција и други. Тука денес учесниците се натпреваруваат во 7 категории, распределени според тежината“, рече Илчо Маркоски, боречки клуб „7 Мај Леов“ од Прилеп.

_MG_6870

Инаку минатиот викенд Прилеп беше домаќини на изборното првенство во борење за млади до 23 години, У-23.

_MG_6821

_MG_6843

_MG_6879




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.