Временска прогноза за цела недела: Студени работни денови, топол викенд

Сончево и студено утро имаме и денес во Македонија. Насекаде има претежно сончево време, само во крајните југозападни предели имаме појава на локална облачност.

 

vremenska-nedela

Во Македонија во утринските часови има услови за појава на слаба магла по котлините и долините на реките, претежно во северните, централните и источните предели. Во текот на денот ќе биде сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 26 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

Во Скопје во утринските часови услови за појава на слаба магла и студено време, а во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 23. УВ индекс 5.

Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок, поради силното влијание на Азорски Антициклон се очекува и продор на топла воздушна маса од југозапад која ќе донесе и повисоки температури кон крајот на неделата.

Во среда и четврток сончево со дневни температури од 16 до 27 степени, односно од 18 до 29 степени. Сончево и потопло време во петок и сабота кога се очекуваат и повисоки утрински и дневни температури.

Утринските температури од 5 до 14 односно од 6 до 15 степени, додека пак максималните ќе се движат од 20 до 31 односно од 21 до 32 степени.

Извор: weather4all.com.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.