(ВИДЕО) НАЈШОКАНТНИТЕ ПОЛИТИЧКИ УБИСТВА: Тајните агенти убивале со методите на Џејмс Бонд !

tajni-agent-1487426648-1108333

Неодамна, убиството на Ким Јонг-нама, полубратот на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг- Ун, со отровен спреј, на аеродромот во малезискиот град Куала Лумпур, потсети на времето кога различни тајни служби ги елиминираа “државните непријатели” со методи како оние на филмовите за Џејмс Бонд.

Иако такви убиства сигурно имало и порано, првиот случај кој привлекол внимание на светската јавност било убиството на бугарскиот диктатор Георги Марков, во Лондон 1978 година.

kim-dzong-nam-1487410398-1108237

Случајот го доби името “бугарски чадор”, бидеќи убиецот на Марков, на мостот Ватерло, на 7 септември 1978 година, го повредил со врвот на шаторот на ногата, а на шаторот имало отров. Марков починал по 4 дена во болница.

Истрагата покажала дека убиецот бил можеби дански државјанин, платеник обучен во Бугарија, а методите и начинот на убиство го поврзуваат со советскиот КГБ. Меѓутоа, и по повеќе од 30 години истражувачи во Бугарија, како и во В. Британија не можат да го идентификуваат атентаторот.

Друг познат случај: Во септември 2004 година, лидерот на украинската опозиција Виктор Јушченко, кој на изборите се борел против прорускиот кандидат Виктор Јанукович, отруен е со диоксин, кој потполно му го уништил лицето. Поддржувачите на Јушченко обвинуваат дека тајни служби стојат зад нападот. Јушченко се опоравил и победил на изборите.

viktor-juscenko-1487425424-1108325

Речиси истовремено, во септември 2004 година, на летот од Џакарта до Амстердам, со арсен е отруен индонезискиот борец за човекови права Мунир Саид Талиб. За неговото убиство е осуден пилотот на авионот, кој наводно го убил по налог на индонезиските власти. Пресудата со која е прогласен за виновен е поништена од страна на Врховниот суд по 2 години.

Посебно внимание на медиумите привлече смртта на рускиот шпион Александар Ливинјенко. Тој е убиен во Лондон, декември 2006 година. Ливинјенко е отруен со радиоактивен елемент кој му бил турен во чајот, во хотелот во Лондон.

alexander-litvinjenko-foto-profimedia-1453466913-829327

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.