(Видео)ЛОГИЧНО Е ДА ПРЕГОВАРАМЕ СО ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА: ВМРО-ДПМНЕ е политичка сила со поголем капацитет од СДСМ!

Во интервјуто на ТВ21 со лидерот на ДУИ кое беше снимено вчера, а се емитува вечерва Али Ахмети ги реафирмираше позиите дека ДУИ по принцип ќе ги отвори преговорите со победничката партија на последните парламентарни избори.

ahmeti_21

Според Ахмети, засега сите опции се отворени, па дури и одење во опозиција или нови избори, но се задржа на тоа дека според принципот кој досега бил актуелен, преговори за владина коалиција ќе започне со победничката партија на изборите. Според него, колку и да е тешко, треба да се разбере дека и на ВМРО-ДПМНЕ не му било лесно да коалицира со ДУИ во 2008 година имајќи во предвид дека само неколку години претходно тие беа „терористи“.

Ахмети додава и дека преговори со победничка партија се логичен след, имајќи во предвид дека коалиција со СДСМ не би произведувала сигурност во државата, иако освоила 49 пратеници. Ахмети запраша кој би ја гарантирал безбедноста во државата кога партија која не е победник на изборите би формирала влада.

Тој се задржал и на тоа дека Заев не се држи до договорите и дадениот збор, наведувајќи неколку примери.

Освен ова, Ахмети доста зборуваше и за можноста дека Македонските партии би можеле да направат платформа слична на Албанската, со што албанските партии би останале без иднина. Дотолку повеќе, според Ахмети, албанската платформа не е услов за преговори, туку документ кој треба да го спроведува било која партија од потписничките и дека треба меѓусебно да се поддржуваат по однос на овие точки.

„ВМРО-ДПМНЕ е политичка сила која има поголем капацитет од СДСМ, и има речиси 100% Македонски гласачи“ – додаде Ахмети.

Тој вели и дека кога пред две години зборувал дека „Украина не е толку далеку од Македонија“ луѓето си игрле мајтап со него, но подоцна се потврдило дека некоја политичка сила во државава сака да направи судир меѓу етничките заедници.

„Нема да ми биде партнер тој што ќе поттикне војна меѓу заедниците“ – вели Ахмети

Извор: Инфомакс

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.