“Што и се случува на Македонија ….педофилија, ЛГБТ, Викенд на гордоста …!?”

BeFunky Collage

Во изминатите месец дена, откако СДСМ дојде на власт во Република Македонија, така наречените активисти за “човекови права” почнаа да ја брануваат јавноста со теми како што се педофилијата, правата на припадниците на ЛГБТ заедницата, се случи “Викендот на гордоста” во Скопје, a најново од денес е иницијативата на претседателот Меѓународниот Сојуз, Бојан Јованоски, за промена на законот за посвојување на деца.

Овие теми кои секојдневно се развиваат и дискутираат по медиумите, го предизвикаа гневот кај македонското население, а особено кај мајките, чии чеда биле жртви на педофилија.

Контроверзната колумна “Сексуалноста над рационалноста” на активистот Никола Шиндре, во која јавноста препозна оправдување на педофилијата, давање некакви права на овие сторители и поблаги казни, претрпе широки реакции и осуди од сите страни. Реагираа јавни личности, реагираа обични граѓани, реагираше дури и детската амбасада “Meѓаши”, и најболно реагираа мајките, кои преку протест се спротивставија на она што беше изнесено во овој текст.

Колумната на Шиндре прочитајте ја на следниот ЛИНК

Сепак, колумната за жал доби и поддршка од дел од активистите на невладините организации, а пожално оправдување стигна и од професорката фела.

Професорката Мирјана Најческа на својот фејсбук профил тогаш напиша:

Јавноста жестоко реагираше и го новиот министер за култура Роберт Алаѓозовски го отвори “Викендот на гордоста” во главниот град, каде како дел од програмата беше и раскажувањето на квир приказни.

Денеска пак на конститутивната седница на Меѓународниот сојуз, претседателот на оваа организација Бојан Јованоски, истакна дека има намера да понесе иницијатива за промена на законот за посвојување на деца.

19894469_10211733137235399_1180505227_n

Граѓаните веднаш реагираат и се сомневаат, дали тоа ќе значи дека истополови парови ќе имаат можност да посвојуваат деца во Македонија?

Бојан Јовановски се сретна и со премиерот Заев, а најави и дека првиот меморандум на неговата организација ќе биде потпишан со владата.

Што точно се случува во нашата држава, што значат овие дебати и какви измени и потреси ќе предизвика тоа на нашето општество, ќе видиме во периодот кој следи.

Едно е сигурно, нашето традиционално општество не ги оправдува ваквите промени, кои новата влада со нивните партнери од невладиниот сектор сакаат да ги протуркаат, а граѓаните тука препознаваат легализирање на истополови бракови, нивни права, посвојување на деца, односно едно ново општество кое ќе значи крај на она што е традиција и култура на овие простори и уништување на традиционалното македонско семејство.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.