Хорор во Ниш – врие од змии, луѓето се во страв, змиите им доаѓаат пред врата

zmija

Иако е установено дека змиите не се отровни, Жика Миладиновиќ денес пронашол змија од скоро метар и половина пред својата куќа во Ниш, во центарот на градот. Иако змијата била едвај жива, бидејќи некој претходно удрил во неа, неговата грижа не се намалила, бидејќи змијата дошла до прагот на неговиот дом.

Загрижениот човек нагласи дека повеќе пати се обраќал до инспекциите и барал да се отстрани уништена куќа во неговото соседство, која станала место за собирање на непосакувани посетители.

Во самата рушевина израснала трева во која се размножуваат змии.

Од здружението ЗОО планет велат дека змиите на градско подрачје не е реткост. Тие во средината на јуни уловиле дури седум змии на градското подрачје, од кои еден поскок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.