Хемичарите од ООУ “Гоце Делчев” одбележаа многу успешна година.

18156883_10210822706541357_6010840865644454708_n

Уште на самиот почеток, со учеството на научниот настан “Ноември месец на науката”, три ученика освоија четири награди, што беше највисокиот можен пласман на државно ниво. Во категоријата Експерименти со прво место се закитија Делфина Апостолоска и Стефана Џамбазовска, а со второ место Бојана Кузманоска. Бојана кузманоска уште освои и трето место на тест на знаење.

Потоа следеше конкурсот за “Екофотографија”, државен натпревар со меѓународно учество, организиран од “Македонското еколошко друштво” . Фотографијата на ученичката Делфина Апостолоска од трите награди на конкурсот ја освои третата награда. На регионалниот натпревар на млади техничари и природници, организиран од Народна техника, младите хемичари се натпреваруваа во 4 дисциплини. Три од нив освоија први места и се стекнаа со право на учество на државниот натпревар кој се одржа во нашиот град. Стефана Џамбазовска го освои првото место во областа Применета хемија, Бојана Кузманоска Прво место во областа Агротехника,  Катерина Здравеска трето место во областа Фототехника, Наталија Кочоска прво место во областа Конструкторство, а на државниот натпревар  освоено беше трето место. За конструкцијата на “Хофмановиот апарат” добивме пофални зборови од комисијата и понудена ни беше понатамошна соработка за подобрување на истиот, како и учество на саемот за иновации.

Во прелиминарните натпревари по хемија, организирани од Сојузот на хемичари и технолози на Р.М, на општинско и регионално ниво беа освоени многу награди и први места со максимален број на поени. Конечно, на државниот натпревар кој се одржа на 14 мај во просториите на ПМФ на Институтот за хемија,во конкуренција од 132 ученици, на  ученичките Делфина Апостолоска и Стефана Џамбазовска им припадна второто место.

18555844_10211022031004344_2926668657548086743_n

Сите овие, вкупно 8 награди на државно ниво, од која една со меѓународно учество и по десетина на општинско и регонално ниво, се освоени под менторство на наставничката Кети Иваноска. Чест и задоволство е да се работи со ученици како нив. Зад сите овие награди стојат многу часови за додатна настава, многу љубов и посветеност. Поддршката што ја добиваме од родителите, директорот и педагошко-психолошката служба е дополнителен фактор кој не мотивира да успееме реализирањето на нашите цели.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.