Функцијата е менлива, но делата остануваат да говорат: OOУ “Климент Охридски” прерасна во училиште налик на современ колеџ (ФОТО)

Основното училиште “Климент Охридски” Прилеп е образовна институција со која денес градот се гордее. Од училиште со уништена фасада, уништени санитарни јазли, руиниран двор, столарија, сивило, прерасна во модерно училиште кое денес го краси центарот на градот.

Најголема заслуга за тоа има довчерашниот директор на оваа образовна институција, Ахил Јаков, кој само една година во која раководеше со училиштето, направи револуционерни промени и од ова некогаш руинирано училиште, изгради современа образовна институција. Секако тука неминовна беше поддршката од локалната самоуправа и претходниот градоначалник Марјан Ристески.

Новата локална власт предводена од градоначалникот од редовите на СДСМ Илија Јованоски, експресно ги промени директорите во основните и средните училишта во градот. Но, функцијата е менлива и минлива работа, делата се тие кои говорат за човекот, неговото залагање и напорна работа.

На кратко што се’ се промени во ОOУ “Климент Охридски” во изминатите година дена:

 

Спортската сала прерасна во мало уметничко дело.

Училишниот двор се уреди со нови патеки и зелени површини

Училишните ходници се нешто посебно

Старата училишна зграда за деца со посебни потреби, доби сензорна соба

На стартот од оваа школска година се пушти во употреба и новоасфалтираното мултинаменско игралиште, кое на училиштето му даде изглед налик на европските колеџи.


Училиштето доби своја химна

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.