Фудбалскиот “MOЦАРТ” со емотивно писмо ја заврши својата играчка кариера (ВИДЕО)

На 38 години и 869 официјални одиграни натпревари, легендата на италијанскиот и светскиот фудбал Андреа Пирло ја заврши својата кариера.

Пред последниот меч тој напиша писмо со емотивна содржина до своите фанови.

“Последен меч во МЛС лигата. На крајот од мојот престој во Њујорк Сити, би сакал да кажам неколку зборови. Би сакал да се заблагодарам на сите за љубезноста и поддршката што ми ја пружија во овој прекрасен град. Благодарност до неверојатните навивачи, благодарност до тренерите и благодарност до моите соиграчи. Не завршува само мојот престој во Њујорк Сити, туку ова е крај на моето патување како фудбалски играч исто така. Затоа сакам да се заблагодарам и на моето семејство и моите деца за поддршката и љубовта  која секогаш ми ја даваа. Секој тим за кој имав чест да настапува, секој играч со кои играв заедно, сите луѓе што ја направија мојата кариера неверојатна и последно, но не неважно сите фанови ширум светот кои секогаш ми даваа поддршка, секогаш ќе бидете покрај мене и во моето срце”, стои во прошталното писмо на фудбалскиот МАЕСТРО.

Пирло во својата кариера настапуваше за Бреша, Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити.

Фудбалскиот свет се збогуваше човекот кој беше Моцарт со топка.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.