Филип Етмишовски oд Битола има собрани 400 автограми, меѓу нив и од Путин, Медведев, Франсоа Оланд и Софија Лорен (ВИДЕО)

Битолчанецот Филип Етмишовски има интересно хоби кое ги воодушевува сите.

Тој собира автограми од познатите личности. Но, не било кои. Меѓу неговите досега собрани 400 автограми се наоѓаат потписите на рускиот претседател Владимир Путин, рускиот премиер Димитриј Медведев, поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, италијанската глумица Софија Лорен и многу други.

Додека ги собирал автограмите Филип стекнал и пријателства со познатите, па често гостува на свечености и приеми.

Во неговото гостување во емисијата “Eден на Еден” тој раскажува подетално за неговото хоби.

Желба на Филип се автограмите од познатата шведска музичка група “АБА” и на актерот Џеки Чен.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.